5 чекори за да ги смирите внатрешните демони и да се спријателите со вашите мисли

5 чекори за да ги смирите внатрешните демони и да се спријателите со вашите мисли

Без разлика колку сме различни, сите ние трагаме по иста цел: мирен ум. Па, доколку и вие сакате да го постигнете тоа, тогаш погледнете ги следниве 5 чекори со чија помош најлесно ќе ја постигнете оваа добросостојба.

5-chekori-za-da-gi-smirite-vnatreshnite-demoni-i-da-se-sprijatelite-so-vashite-misli-www.kafepauza.mk

1. Не можете вечно да бегате

Вие не можете постојано да бегате од одлуките, плановите или обврските кои ги одложувате или сте ги ставиле на чекање. Хаотичниот ум ве спречува да постигнете мир, па токму затоа и доколку нешто ги прогонува вашите мисли, треба да најдете начин како да го ставите зад себе. Не се приврзувајте за нив, не чекајте завршеток и не се вознемирувајте со оние нешта кои не можете да ги контролирате. Ослободете се од сите нешта кои ве спречуваат да продолжите понатаму и престанете да се критикувате за грешките кои поминале. Заглавениот мозок нема никогаш да напредува. Храбро соочете се со вашите мисли и станете чудовиште за вашите најлоши кошмари.

2. Дозволете си време само за себе

Не се плашете да се движите сами и не се плашете да го сакате тоа. Поминувањето време со себеси не мора да значи дека ќе имате осамен живот. Сосема е во ред одвреме-навреме да се дистанцирате. Луѓето знаат дека не е ништо лично и дека тоа е нешто кое секому му е потребно за да си ја обнови енергијата. Не само што ќе ви помогне да се истражувате себеси и да развиете нови навики, туку истовремено ќе допрете и до најдлабоките делови од вашето срце, оние кои буката во светот ви ги стишувала. Кога ќе покажете доволно храброст да ги победите вашите негативни мисли, вашиот ум ќе почне да сфаќа колку сте всушност вие моќни.

3. Не ги судете луѓето, судете ги само нивните дела

Не ѝ дозволувајте на вашата субјективна осуда да ги детерминира вашите врски или пак, на кој било начин да влијае врз нив. Немирниот ум постојано бара причини да се сомнева и да ја шири негативноста во вашиот систем. Не му дозволувајте доволно простор за да ја преземе контролата врз вашето тело. Научете да ги цените луѓето кои ги знаете, како и оние кои некогаш сте ги знаеле. Не го судете присуството на некој во вашиот живот, ниту пак моралите зад кои се крие. Отворете се за различни искуства и дозволете му на светот да влијае врз вас.

4. Никогаш не ги потиснувајте вашите инстинкти

Вашиот ум понекогаш може да заглави во детали, измешани сигнали и комплицирани емоции, но вашите инстинкти никогаш нема да ве изневерат. Доколку ги следите, вие ќе почнете со тек на време да го подобрите начинот на кој ги перципирате нештата околу вас. Вие ќе научите да набљудувате и да ги поврзувате точките кои се расфрлани насекаде. Ќе научите како да споредувате различни ситуации и да сочувствувате со другите. Во вистинскиот момент ќе знаете и инстантно како да реагирате. Моќта на вашите инстинкти е прекрасен подарок, не го игнорирајте.

5. Имајте верба во себе

Двоумењето е најголемиот непријател. Откако еднаш ќе ја преземе контролата врз вашите мисли, тоа целосно ќе ве поседува. Доколку имате верба во себе и своите способности, вие ќе бидете доволно силни да ги победите сите негативни мисли кои ќе налетаат во вашата глава. На почетокот можеби малку ќе се борите со нив, но кога ќе станете свесни за вашите силни страни преку прифаќањето на вашите слабости, вашиот ум целосно ќе го исфрли деструктивното размислување и ќе премине на конструктивен критицизам. На овој начин вие нема да го припитомите вашиот ум и да ги контролирате мислите, туку само ќе ја ограничите штетата која вашиот мозок ја прави врз внатрешниот мир.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар