Компанијата „Nails Inc.“ која произведува лакови за нокти создале продукт кој ќе го смени животот на сите девојки ширум светот: Лак за нокти во облик на спреј! Овој спреј за нокти е дизајниран така што се лепи за ноктите, но не и за кожата, овозможувајќи ви беспрекорен маникир секој пат кога ќе го користите.
Сè што треба да направите е да ги прскате вашите нокти 20-тина секунди и откако тој ќе се исуши, измијте ги рацете со вода и сапун. Вишокот боја ќе падне од вашата кожа, оставајќи зад себе совршено лакирани нокти. „Paint Can“ официјално излегува на 12 ноември и ќе се продава по 11 долари од парче, што со оглед на тоа колку време ќе ви заштеди, е навистина добра зделка. Погледнете како точно функционира овој спреј за нокти…

