Кои се најчестите сексуални фантазии на модерните жени?

Кои се најчестите сексуални фантазии на модерните жени?

Исто како и мажите, така и жените подеднакво чувствуваат потреба за лудории под чаршафите. Но, за што најмногу фантазираат современите дами? Ќе се изненадите кога ќе откриете.

Кои се најчестите сексуални фантазии на модерните жени?

1. Совршен љубовник

Една од најчестите женски фантазии е секс со привлечен и страстен маж кој знае како да ги задоволи. Во оваа фантазија мажот може да биде нејзиниот партнер, целосен странец, пријател, колега или некоја позната славна личност.

Непознат човек – На повеќето жени им се допаѓа идејата да се запознаат со мистериозен секси странец со кој ќе имаат дива сексуална авантура и кој потоа никогаш повеќе нема да го видат.

Партнер – Многу жени фантазираат за своите партнери, но тоа секогаш останува тајна фантазија бидејќи тие мечтаат за нешто што е целосно спротивно од реалноста. Ако нивниот партнер е внимателен и нежен, тие фантазираат за див секс со него или обратно.

Колега, пријател или бивш – Жените фантазираат за згодниот бивш дечко, колега или пријател, а понекогаш дури и за момчето на нивната најдобра пријателка.

Славна личност – Бред Пит, Џорџ Клуни, Вилијам Леви, Џони Деп… Секоја жена барем еднаш посакала заводничките способности на славните да ги пренесе од екранот во спалната соба.

2. Страсно трио

Сексот во тројка не е само популарна машка фантазија. Постојат голем број жени кои исто така би сакале уште една личност во креветот, барем во нивните фантазии.

Тројка со двајца мажи – Како што мажите би сакале да го добијат целото внимание од две жени, така и жените би сакале да бидат помеѓу двајца мажи кои подеднакво ги обожаваат и посакуваат. Во оваа женска фантазија, мажите најчесто се хетеросексуални и целосно заинтересирани само за неа и нејзиното задоволување.

Тројка со маж и жена – За разлика од машката фантазија за трио, каде што тие сакаат да бидат оние кои ја водат играта, во женската фантазија мажот може да добие и улога на пасивен учесник или набљудувач кој не обрнува многу внимание на другата жена, со цел да се избегне чувство на љубомора.

3. Доминација

Сексот во кој еден партнер доминира над другиот е честа фантазија на многу модерни жени.

Машка доминација – Жените сакаат мажествени мажи во чии раце можат да исчезнат. Скоро секоја жена барем еднаш фантазирала за таканареченото „безбедно силување“ од страна на маж во кој има доверба.

Женска доминација – И покрај тоа што многу жени сакаат маж кој доминира во креветот, постојат и голем број жени кои понекогаш сакаат да ја преземат контролата над својот партнер кој ќе им ја исполни секоја нивна желба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар