4 личности со вистински супермоќи кои науката не може да ги објасни

Сподели

Изгледа луѓето со супермоќи не постојат само во фиктивните светови на филмовите и сериите и тоа добро ни го покажуваат следниве 4 личности за чии способности науката не може да најде објаснување. Тие се издвојуваат со неверојатни таленти, започнувајќи од контрола врз телесната температура, па сè до беспрекорно помнење. Погледнете…

Реклама

rn

Инго Сван

rnИнго Сван е човек кој има способност да гледа далечни географски локации и да разговара за нивните физички атрибути. ЦИА и НСА дури направиле контролирани експерименти на голема оддалеченост, и и покрај тоа што нивните откритија не се многу јасни, сепак тврдат дека неговите способности се вистинити.

Стефан Вилтшајр

rnСтефан Вилтшајр бил дијагностициран со аутизам кога имал само 3 години. Денес, тој може да црта неверојатни градски пејзажи кои ги влече директно од неговото помнење. Тој доволно е да погледне една фотографија само неколку секунди и потоа по помнење да ја нацрта на хартија со неверојатна точност.

Вим Хоф

rnВим Хоф станал познат кога се потопил под лед и останал во таа позиција скоро 2 часа без неговата телесна температура воопшто да се промени. Тој вели дека во тоа успеал со помош на медитација, но науката сè уште не може да објасни како го извел тоа.

Даниел Тамет

rnДаниел Тамет го шокирал светот кога ја рецитирал математичката константа пи, 3,141… од помнење сè до својата 22.414-та децимала во рок од 5 часа без да направи грешка. Тоа се случило во Музејот за историја и наука во Оксфорд каде што тој поставил нов европски рекорд. Тој истата година бил дијагностициран со синдромот високо функционален аутистичен савант и може да прави неверојатно комплексни ментални задачи со многу поголеми брзини одошто нормалниот ум може да постигне.

Популарно

Може ќе ве интересира