КАФЕ ПАУЗА

Магичниот поглед кон млечниот пат

Магичниот поглед кон млечниот пат

Written by

in

Со многу планинарење, користење технологии и разни трикови, норвешкиот фотограф Terje Sorgjerd успеал да ја прикаже убавината на светот, од сосема нова, модерна перспектива, која е сè уште непозната за многу очи. Тој се искачил 3.657 метри близу врвот на третата најголема вулканска планина Теиде во Шпанија, за да биде што е можно поблиску до божествената галаксија Млечен пат и нејзиниот раскош. Магичниот поглед кон млечниот патСо професионален Канон фотоапарат, time lapse техника, минимална компјутерска манипулација и изобилство инспирација, Sorgjerd продуцирал краток филм во којшто ни ја прикажува фантастичната ѕвездена прекривка и движењето на светот внатре во неа. Брановидните облаци, блескавите ѕвезди и инспиративната природа која ја носи во себе пролетта, создаваат едно навистина неверојатно уметничко дело изработено во time lapse техника, кое на гледачите им создава подлабоко чувство за светот во кој секојдневно газат, преку неговите комплицирани, но совршени рајски облици.rnrnГледајте го видеово на цел екран и препуштете се на убавините на природата, кои овој фотограф ни ги преточил во 3 минути.rn


rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn