Диета која ја применуваат јапонските монаси: Изгубете 10 килограми за 10 дена
Ако имате проблеми со прекумерната тежина и многу тешко ви оди губењето килограми, а го посакувате тоа, тогаш можеби го имаме совршеното решение за вас. Станува збор за режим на исхрана кој го применуваат јапонските монаси со цел да ја регулираат својата телесна тежина. Во основата на оваа диета се наоѓаат 3 клучни намирници: ориз, кисели краставици и лук. Оваа диета се применува само 10 дена.
Секој ден подготвувајте по 500 грама ориз и додајте му една исечкана кисела краставица. Ова е единственото нешто кое се консумира во текот на диетата, а може да се јаде секој пат кога ќе огладнете. Распоредете ја оваа количина во неколку оброци, колку вие сметате дека ви се потребни и почитувајте го најважниот детаљ – јадете полека и секој залак џвакајте го барем 20 пати. Токму тука лежи тајната на ефикасноста на оваа диета.
Доколку сте љубители на лук, покрај оризот и краставицата можете да изедете и најмногу две чешниња лук на ден. Да можете полесно да ја издржите монотоноста на оваа исхрана, можете да јадете и салата од свеж зеленчук, зачинета со маслиново масло, лимонов сок или јаболков оцет, како и многу малку сол.
Оваа диета не се препорачува повеќе од еднаш во рок од 6 месеци, а додека ја применувате, би требало за 10 дена да изгубите неверојатни 10 килограми. Сепак доколку имате какви било здравствени потешкотии, најдобро е пред примената на овој режим на исхрана да се советувате со својот лекар.