Италијанките го откриваат својот рецепт за убавина: 10 совети за правилна исхрана

Сподели

Дали е можно да се биде фит и елегантен во земјата на пиците, тестенините и сладоледот? И покрај нивните најпознати оброци, сепак Италија нема проблем со прекумерната тежина. Која е нивната тајна?rn

Реклама

rn

1. Трикот е во балансирање и помали порции

rnИталијанките јадат почесто, но помалку. Тие не водат сметка за внесените калории, туку сопираат со јадење во истиот момент кога ќе се почувствуваат сити и ќе имаат место за само уште едно кафе. Исто така нивните порции се составени од ист број маснотии, јаглехидрати, скроб и протеини, додека често избегнуваат консумирање црвено месо.rn

2. Користат само маслиново масло

rnМаслиновото масло има одлична репутација во Италија, па токму затоа е и основната состојка на сите нивни оброци. Тие го користат како главно масло за салата, правење сос, па дури и за пржење. Скоро е невозможно да ја замислите италијанската кујна без него.rn

3. Консумираат многу свежа и сирова храна

rnТоа особено се однесува на југот, во егзотичната Сицилија, каде секое јадење е збогатено со домати, зеленчук, зачини и лимон. Тестенините се служат со малку маслиново масло, домашен сос од патлиџани и оригано и секогаш се сервираат во мали порции.rn

4. Чести прошетки

rnТие обожаваат да одат, па токму затоа и често се движат пешки. Без разлика дали само сакаат да прошетаат или пак, имаат обврски кои треба да се извршат, тие гледаат што повеќе да се движат. Исто така, за време на летото овие девојки одат често на викенди надвор од градот, каде што се физички многу активни.rn

5. Мали порции за појадок

rnПојадокот не се прескокнува во ниту една италијанска фамилија. Но, за разлика од другите народи во Европа, тие за појадок преферираат многу помали порции.rn

6. Ретко пијат газирани пијалаци

rnВие многу ретко ќе забележите Италијанец да пие каков било газиран пијалак. Дури и кога сакаат да се напијат нешто такво, порачуваат само газирана вода. Тие исто така не пијат леден чај, ниту смуди, но без сомнение не можат да живеат без кафе.rn

7. За нив брзата храна е голем грев

rnДоколку некогаш сте имале можност да влезете во класичен италијански маркет, тогаш сигурно сте забележале дека делот со нездрава храна и газирани пијалаци е многу мал. Тие ретко грицкаат и скоро никогаш не јадат ваква храна. Но, наместо чипс, додека гледаат филм пред спиење, тие сакаат да јадат моцарела или овошје.rn

8. Пицата не е за секој ден

rnКолку и да ви звучи неверојатно, Италијанките не јадат често пица, ниту пак ви го препорачуваат тоа вам. Во Италија пицата е еден вид храна која се јаде за време на викендот, додека сте излезени во град со пријателите. Кога јадат пица, тие ја одбираат онаа која е богата со различни видови сирења и зеленчук и која има малку тесто и калории, а многу хранливи состојки.rn

9. Лесна вечера

rnПоследниот оброк во Италија е резервиран за лесно јадење. Типичната вечера вклучува супа или мала порција тестенини сервирани покрај сирење или зеленчук.rn

10. Не држат диети

rnИталијанките не спаѓаат во онаа група девојки кои се склони кон диети и тешки вежби. Според нив, доколку сакате да ја намалите вашата телесна тежина, сè што треба да направите е да избегнувате пржена храна и како сос за тестенините да користите домашен сос од патлиџани и брокула, печурки… И најважно од сè, никогаш немајте грижа на совест додека јадете.

Популарно

Може ќе ве интересира