За некој тие се само парче ѓубре, додека пак за други претставуваат инспирација за корисни предмети во домаќинството – зборуваме за ролни од тоалетна хартија! Не мора да бидете уметник за да создадете нешто убаво од ова парче хартија, а овде ќе најдете неколку кул предлози.
rn
1. Ѕидна декорација
rnОва е навистина едноставен начин да го украсите вашиот ѕид, а не бара некоја посебна вештина при изработката. Неколку ролни и малку лепак – тоа е сè.rn
2. Пеперутки како украс
rnМалку украсна хартија, ножици и лепак за хартија, па можете да уживате во овој прекрасен украс или играчка.rn
3. Организирање на вашите кабли
rnПрекрасна идеја, зар не?rn
4. Саксии за садници
rnНе спаѓа во доменот на креативни изработки, но е секако креативно решение за одгледување градинарски садници.rn
5. Држач за салфети
rnРолните можете да ги обложите со платно и да ги украсите по своја желба. Ваквите држачи за салфети ќе го привлечат вниманието на вашата трпеза.rn
6. Торбичка за подарок
rnВакви торбички за подарок се идеални за која било специјална прилика. Едноставно е: облепете украсна хартија на ролните или нацртајте нешто по своја желба, завијте ги краевите, ставете го подарокот и залепете. Украсете по желба со машнички, бисери и сл.

