Најдобри модни комбинации за жените во триесеттите

Сподели

Многу жени ќе се согласат со ставот дека триесеттите се многу подобри од дваесеттите, пред сè поради тоа што ова е период кога конечно сте свои и самостојни. Баш такво треба да биде и вашето облекување, па затоа денес решивме да ви претставиме стилски модни комбинации од славните личности кои можат да бидат инспирација за сите жени кои се во триесеттите.

Реклама

Актерката Џесика Алба е вистинска претставничка на сите успешни жени кои се во триесеттите, додека нејзините модни комбинации претставуваат совршенство. Доколку и вие сакате да изгледате одлично стилизирано во кежул варијанти, тогаш не пропуштајте да пронајдете нешто како оваа модна комбинација.

Амал Клуни е несомнено една од најдобро облечените познати дами. Од сите нејзини одлични дневни комбинации, нашето внимание го привлече оваа комбинација која се состои од елек со интересен дизајн, темни фармерки и класична црна блуза се деколте, во која совршено ги вклопила чизмите кои се отворени напред.

Супермоделот Алесандра Амброзио е една од познатите триесетгодишнички чиј стил на облекување привлекува многу внимание во јавноста. За нас најдобра е оваа кежул модна комбинација која совршено ја надополнила со рамни обувки.

Тексас комбинезонот со трегери беше премногу популарна комбинација во текот на 90-тите, а оваа година повторно се враќа на модната сцена. Ако не знаете како да го носите ова парче, како инспирација може да ви послужи актерката Кејт Босворт и оваа нејзина дневна комбинација.

Преубавата Миранда Кер може да се пофали со совршеното тело и уште посовршениот стил. Ако и вие сте високи и витки како неа, не плашете се да одберете една ваква модна комбинација.

Феноменалната Кејт Хадсон е вистински мајстор во спојување на неспојливото. Кога таа се одлучила да го носи ова, зошто не би сте се одлучиле и вие за една ваква модна комбинација?

Популарно

Може ќе ве интересира