Мистичен есенски тренд: Бои на лакови кои ќе бидат хит за оваа есен
Златна, црвена, сива или бордо се боите кои се задолжителни за оваа есен за сите дами со стил. Новите колекции на лакови се богати со топли есенски нијанси кои со задоволство ги носиме токму поради нивната грациозност. Оваа сезона може да уживате во лаковите со боја на вино, смарагд или пак сива. Ова се мистичните бои со кои ќе ги украсувате вашите нокти оваа есен.
1. Златна
Вистинска асоцијација за есента е токму златната боја. Во комбинација со некој златен аксесоар украсете ги своите нокти со оваа прекрасна нијанса. Доколку не сакате да ги лакирате сите нокти во златна боја, слободно може да одберете некој нокт на левата и десна рака кој ќе го излакирате во златна боја, а останатите да ги лакирате во друга боја.
2. Величествена сива
Сивата и беж нијансата секогаш одговараат на која било комбинација што ќе ја изберете. Матираната сива боја најдобро ќе ги истакне есенските бои на вашата гардероба.
3. Смарагдна
Во оваа сезона апсолутен хит е смарагдната боја, но и сите зелени нијанси на лакови за нокти. Немојте да се плашите и испробајте неколку нијанси на темнозелена боја, сепак тие најдобро ќе се вклопат во есенските дождови и есенската идила.
4. Бакарна
Лакот за нокти во бакарна боја може да ве потсети на 90-тите, а доколку имате потемен тен оваа нијанса совршено ќе ви одговара.
5. Кралско сина
Тиркизните бои од летото сега се заменуваат со темносини нијанси на лакови за нокти. Нијансите потсетуваат на боите на самракот или на темните есенски ноќи кои сите ги обожаваме. Иако оваа нијанса бара повеќе внимание и трпение додека се нанесува, трудот ќе се исплати, бидејќи во секоја дневна комбинација ќе изгледа многу интересно.
6. Боја на црвено вино
Оваа сезона преовладува бојата на црвено вино и бордото. Топли бои која совршено се вклопува со зелената, црната или кафеавата боја на есента.
7. Земјени тонови
Топлите земјени тонови се хит за секоја сезона поради едноставноста и убавината на боите, кои се прелеваат во разни нијанси на зелена, кафеава, беж и сива боја.