КАФЕ ПАУЗА

9 интересни факти за пиратите

Пиратите нè фасцинираат стотици години. Благодарение на фантазијата, ние ги замислуваме како луѓе со една нога, брада, смешна шапка, а понекогаш и папагал на рамото. Но дали знаете какви всушност биле пиратите? Прочитајте некои од најинтересните митови, факти и недоразбирања во врска со нив…rn

1. Пиратите биле дел од нормалната економија

rn(1)9-interesni-fakti-za-piratite-kafepauza.mkrnrnПостои мит дека пиратите биле крадци што не им биле потребни на општеството. Вистината е дека иако тие краделе злато и дијаманти, најважно им било да крадат храна, облека, и други важни залихи кои им ги продавале на колониите во Новиот свет. Понекогаш тие имале право легално да ја продаваат украдената стока.rn

2. Носеле накит за да си го подобрат видот

rn(2)9-interesni-fakti-za-piratite-kafepauza.mkrnrnПиратите биле суеверни. Тие сметале дека црните мачки носат среќа, па речиси секогаш имале црна мачка на бродот. Некои од нив дури ги терале и нивните сопруги дома да чуваат црна мачка за да украдат двојно повеќе богатство. Тие исто така носеле многу обетки со надеж дека тоа ќе им го подобри видот.rn

3. Пиратските бродови биле демократски

rn(3)9-interesni-fakti-za-piratite-kafepauza.mkrnrnПиратите во филмовите многу често изгледаат како криминалци кои се водени само од една личност. Во реалноста, пиратските бродови имале демократски мали општества. Не само што го делеле украденото богатство, туку тие и гласале. Тие имале избори за каде да пловат, каде да напаѓаат, што да прават со затворениците и гласале за избор на капетан.rn

4. Пиратско здравствено осигурување

rn(4)9-interesni-fakti-za-piratite-kafepauza.mkrnrnПловењето пред 100 години било тешко. Пиратството пак било уште потешко. Бидејќи се соочувале со многу болести, а немале никаква помош, тие си направиле сопствени здравствени организации. Ако некој бил повреден на бродот или во некоја битка, другите пирати секогаш му помагале да си го плати лекувањето.rn

5. Пиратите напаѓале само бродови… или не?

rn(5)9-interesni-fakti-za-piratite-kafepauza.mkrnrnПо дефиниција пиратите се крадци на морската површина. Но тие не се ограничувале само на ограбување бродови – многу често напаѓале и на копно.rn

6. Оваа „професија“ не била долготрајна

rn(6)9-interesni-fakti-za-piratite-kafepauza.mkrnrnПиратите станувале пирати на краток период со цел да си овозможат повисока положба во општеството. Ја работеле ризичната работа по неколку години, а потоа се враќале дома со богатството и го подобрувале животот на нивното семејство.rn

7. Топови и ѓулиња

rn(7)9-interesni-fakti-za-piratite-kafepauza.mkrnrnВо годините на пловењето, омилено оружје за напад биле топовите. Модерните филмови за пирати го користат ова во изобилство. Но, за разлика од топовите во филмовите, вистинските топови немале доволно сила да уништат половина брод. Со едно ѓуле се убивале најмногу 4-ца луѓе и едвај се „гребнувала“ површината на бродот.rn

8. Пиратите не се нешто ново кое потекнува од Карибите

rn(8)9-interesni-fakti-za-piratite-kafepauza.mkrnrnОткако постои богатство, постојат луѓе кои сакат да го украдат. Крадењето и разбојништвото се можеби едни од најстарите „професии“. Следејќи го ова, откако постојат бродови, постојат и пирати. Почнувајќи во 1200 година п.н.е. Египќаните се плашеле од мистериозна група луѓе која била позната под името „Морски луѓе“ кои уништувале каде ќе стигнеле.rn

9. Пирати постојат и денес

rn(9)9-interesni-fakti-za-piratite-kafepauza.mkrnrnФилмовите секогаш се фокусираат на оние пирати со мечови, но пирати има и денес. И овде не станува збор само за Сомалиските пирати кои им се познати на сите. Постојат пирати околу Нигерија и надвор од Африка. Всушност, пиратството никогаш не исчезнало. Во раниот 19-ти век познатата кралица на пиратите Мадам Чинг владеела со брановите со стотици бродови на кои имало илјадници пирати.rnrnПогледнете ги и овие интересни историски факти кои веројатно не сте чуле на училиште.