Често во продавниците можат да се пронајдат производи на чија декларација има состојки кои изобилуваат со непознати и необични имиња. Но, што тие значат, за што служат и дали се добри или лоши за нашето здравје? Погледнете ја оваа листа од состојки, составена од познати нутриционисти, кои треба да ги избегнувате доколку сакате да го задржите вашето здравје.rnrn
rn
MSG или Е621
rnСтанува збор за засилувач на вкус кој е најзастапен во индустријата за производи како инстант супа и месни преработки. Иако со својата 10-годишна употреба во прехранбената индустрија не е докажано дека има штетно влијание врз здравјето, сепак постојат знаци кои укажуваат дека може да предизвикува симптоми како главоболка и мачнина.rn
Е951
rnВештачките засладувачи немаат никаква енергетска вредност, но сепак даваат интензивен вкус на слаткост. Токму затоа и се многу присутни во прехранбените производи. Нивната примена може позитивно да влијае врз оние кои се на диета, како и на личностите кои боледуваат од дијабетес. Но, употребата на одредени засладувачи, како Е951, можат да предизвикаат потенцијална штета на здравјето.rn
Транс масни киселини
rnТие настануваат со делумна хидрогенизација на растителните масла. Станува збор за масни киселини кои негативно влијаат на здравјето бидејќи го зголемуваат нивото на лошиот холестерол што потоа доведува до ризик од различни видови срцеви заболувања.rn
Нитрити и нитрати
rnНитритите и нитратите се конзерванси кои најмногу се користат за производство на сувомеснати производи, сирење и одредени продукти со риби. Во организмот најчесто го нарушуваат протокот на кислородот во крвта, па токму затоа и треба да се избегнуваат сите производи кои ги содржат, особено кај чувствителните деца.rn
Е102 и Е123
rnУпотребата на различните вештачки бои како Е102 и Е123 во одредени земји е целосно забранета бидејќи постои сомнеж дека можат да создадат различни видови здравствени проблеми. Доколку имате можност, секогаш одбирајте ги оние производи кои содржат природни бои, како што се екстрактот од пиперка (Е160c) и куркумата (Е100).