Автор: Софија Сионоваrn Фотографија: Христина ТрајкоскаrnrnИмавме можност да присуствуваме на четвртиот ден од Модната недела во Скопје. Префинетост и хипи боем, блескави, нежни и шарени бои е она што го видовме на деветтото издание на FWSK. Во продолжение ви ги претставуваме креациите на Оливера Штакоска, Ивана Јованоска, Јасмина Дракул.rnrn
rn
Хипи боемски стил: Оливера Штакоска
rnПод насловот „Lace“, Оливера Штакоска за првпат во рамките на FWSK, преку сопствената призма ни ја претстави својата хипи боемска колекција исполнета со весели и игриви бои надополнети со пријатни и лесни материјали покажувајќи како треба да се изгледа во топлите летни денови. Едноставните и секојдневните комбинации исполнети со племенски мотиви беа полн погодок, а најзастапени беа свилените фустани со детали од тантела и долгите макси фустани со џебови, во цигански стил. На нозете манекенките носеа лесни римјанки со мали чантички во рацете, а косата им беше во релаксирана варијанта, најчесто во бушава плетенка.rnrn
Моден перформанс: Ивана Јованоска
rnОсвен Штакоска, деби перформанс имаше и Ивана Јованоска која со својата елеганција и префинетост ќе ве остави без здив. Иако за првпат се претстави на Модната недела, Ивана Јованоска покажа дека целосно го заслужи вниманието, пофалбите, како и местото покрај веќе добро познатите дизајнери. Манекенките пленеа со својата убавина, слатките лица и интересните кокови, а често се слушаше и звук од златните синџири кои елегантно висеа на фустаните така што акцентот беше ставен на рамениците. Најзастапена беше белата боја со примеси од злато, а целокупниот изглед беше надополнат со златни или крем шпиц чевли.rnrn
Во полн сјај: Јасмина Дракул
rnСофистицираност, грациозност и шарм се зборовите кои најдобро ја опишуваат колекцијата на Јасмина Дракул. „Во полн сјај“ е насловот на колекцијата, а Дракул ни ја претстави својата замисла за пролетта со грациозни коктел фустани и неколку величествени тоалети. Палетата на бои се движеше од жолта до бела, со по некој црн фустан, а необично беше тоа што на свиленикавите делови беа рачно додадени и цветови. Фризурите беа со ретро кадрици, карактеристични за златната ера во Холивуд, а моделите чекореа во беж и црна боја високи потпетици.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.



























































