Зошто би требало да слушате музика додека работите?

Сподели

Дали додека работите сакате да потпевнувате песни од вашата омилена радио станица или музичка плејлиста кои сами сте си ја составиле? Доколку сакате да го правите тоа, имаме добри вести за вас. Науката конечно го потврдила она кое вие веќе одамна го знаете – со слушањето музика за време на работата ние станува многу попродуктивни.

Реклама

Научници од Универзитетот во Тексас спровеле истражување преку кое успеале да докажат дека луѓето работат побрзо и со помалку грешки доколку на работа ја слушаат својата омилена музика. Испитаниците кои учествувале во ова истражување, 5 дена по ред добивале низа различни задачи кои требало да ги завршат, започнувајќи од граматички и математички проблеми, па сè до износ на податоци и комплицирани анализи. Дури 88% од нив работеле поточно, повнимателно и поефикасно покрај музика, додека 81% работеле и побрзо.

Токму затоа слободно уживајте во вашата омилена музика за време на работата, а ако сте подготвени за експериментирање, послушајте ги и следниве препораки од експертите:rn

1. Поп музика за внесување податоци

rnrn

2. Амбиентална музика за работа со броеви

rnrn

3. Музика за танцување за решавање проблеми

rnrn

4. Класична музика за работа која вклучува внимание на деталите

rn

Популарно

Може ќе ве интересира