Денес сите ние сме склони кон навистина токсично однесување. Но проблемот е што ова однесување ѝ штети на вашата благосостојба многу повеќе отколку што мислите. Се разбира, секој од нас си има свои грешки, но кога станува збор за делувањето, би требало да се обидеме да ја промовираме позитивноста.rnrn
rnrnВашето духовно јас е многу поранливо отколку што мислите, а доколку сакате да ја негувате вашата душа, морате да дадете сè од себе. Сепак, никогаш не е доцна да станете личноста којашто отсекогаш сте сакале. Не заборавајте дека вие сте способни за многу повеќе отколку што мислите. Погледнете ги вашите (несвесни) навики со кои лошо ѝ влијаете на вашата душа.rn
1. Одбивате да ги следите вашите соништа
rnСекој ден би требало да ги следите вашите соништа, а не да ги игнорирате. Бидејќи утрешниот ден е неизвесен, искористете го денешниот. Доколку не излезете надвор во светот, времето ќе помине побрзо отколку што мислите.rn
2. Ги озборувате другите
rnОзборувањето на другите може да произведе само негативна енергија. Потребно е да се однесувате со другите онака како што тие сакате да се однесуваат со вас. Зарем вие би сакале некој да ве озборува зад грб?rn
3. Се преправате дека сте нешто што не сте
rnВие не сте никоја друга личност и не треба да се преправате дека сте. Никој не е совршен и сите имаат свои мани. Да бидете свои е најневеројатното нешто што можете да го направите на овој свет.rn
4. Се обидувате да ги задоволите сите околу вас
rnДругите луѓе секогаш ќе најдат нешто за коешто нема да бидат задоволни од вас. Немојте да го живеете животот за другите. Доколку не живеете за себе, само ќе си ја предизвикате сопствената пропаст.rn
5. Се лажете себеси и другите
rnНикогаш немојте да се лажете себеси или другите. Вашата душа ја заслужува вистината, исто како и луѓето коишто ви значат.rn
6. Одбивате да се сакате себеси
rnСекогаш треба да работите на љубовта кон себе. На крајот од денот, вие сте единствената личност што ја имате. Не потценувајте се.rn
7. Им љубоморите на другите
rnНикогаш нема да бидете исти како некој друг. Вие сте единствени на свој начин. Животот на другите не е секогаш толку добар колку што го замислувате.rn
8. Ги чувате емоциите во себе
rnМорате да се справувате со емоциите како што доаѓаат. Нивното складирање ќе ве забави и нема да можете да продолжите напред. Доколку не се ослободите од нив, никогаш нема да ги надминете.rn
9. Постојано се навраќате на минатото
rnВашето вистинско јас не живее во минатото, па зошто постојано се враќате таму? Никогаш нема да можете да го промените минатото, па најдобро е само да продолжите напред. Минатото само може да ве повреди.rn
10. Глумите жртва
rnНе мора да бидете жртва. Можете да ги надминете тешките времиња и лошите искуства. Кога го храните менталитетот на жртва, само ја подготвувате вашата пропаст.rnrnПрочитајте ги и советите за среќа од најсреќниот човек на планетата.
