Најновиот хит за оваа есен: Мерлот боја на коса!
Паралелно со модните трендови, секоја година во есен се појавува и цела низа нови бјути трендови, без разлика дали станува збор за шминкањето, обликувањето или бојадисувањето на косата. Па така, еден од водечките трендови за оваа есен ќе биде мерлот бојата за коса. За што всушност станува збор?
Мерлот е врста на вино кое е познато по неговата богата црвена боја, додека мерлот трендот во бојадисувањето на косата подразбира нијанса која се базира на комбинација на боите на вишна и какао. Мерлот бојата може да ја добиете и со комбинација на виолетова и црвена, додека во зависност од нијансата којашто сакате да ја постигнете, на вашата коса може да доминира виолетовата односно црвената боја.
Најдобрата варијанта која можете да ја изберете е мерлот бојата да ја нанесете на кафеава коса, бидејќи на тој начин нема да добиете боја која ќе изгледа премногу нападно, додека оние похрабрите може да се одлучат за длабински прамени или за коса која е потполно бојадисана во црвено – одлуката е ваша!
Се супер, ама мислам дека “Т” не се изговара во Мерло :/
Sare pile – MERLO