Како до успешен прв состанок со личност која сте ја запознале онлајн?

Како до успешен прв состанок со личност која сте ја запознале онлајн?

Вие запознавате личност онлајн, разменувате броеви со цел да ја продлабочите вашата конекција, а потоа одлучувате дека е време и да се запознаете во живо. Токму ова може да биде почетокот на нешто големо, или пак, да заврши како ништо посебно. Шансите се 50-50, но доколку сакате да ги зголемите тие за успех, тогаш погледнете ги следниве неколку совети кои ќе ви помогнат да успеете во вашата цел…

Како до успешен прв состанок со личност која сте ја запознале онлајн?

1. Намалете ги вашите очекувања

Вие никогаш не сте ја виделе оваа личност во живо, па токму затоа и не знаете дали ќе се разочарате или не. Но, тоа не треба да ве вознемирува. Доколку не ви се допаѓа како тој или таа изгледа, тогаш не мора да продолжите понатаму. Никој нема да ве осудува. Токму затоа и подобро е да ги намалите вашите очекувања, за барем 15% од она кое го доживувате кога ги гледате неговите/нејзините фотографии, бидејќи би можеле да бидете изненадени од вистинската слика.

2. Дозволете ѝ на хемијата да биде вашиот водич

Најдобро е доколку испланирате краток прв состанок, бидејќи реално ни двајцата не се познавате доволно добро за да знаете точно што сакате. Токму затоа и предложете да одите на чаша вино во фин ресторан или пак, доколку не пиете алкохол, на кафе во вашето омилено кафуле. Доколку не почувствувате поврзаност, тогаш брзо ќе завршите со состанокот, додека пак, ако почувствувате хемија помеѓу вас, секогаш можете да продолжите на друго место.

3. Слушајте активно, бидете искрени и не откривајте премногу нешта

Дури и ако двајцата си поминувате одлично и ви се допаѓа тоа што го гледате пред вас, додека паралелно сте изгубени во долгиот разговор и насмевките, сепак погрижете се да не откриете премногу за себе, ниту пак да го/ја напаѓате со голем број прашања. Обидете се цело време да бидете свесни за вашиот тек на мисли кога тој/таа ќе ви постави прашање, со цел да не ги избегнувате одговорите кои тие сакаат да ги чујат. Одговарајте кратко и јасно, без многу објаснувања, со цел да имате што да зборувате и на вториот состанок, доколку сакате повторно да се видите.

4. Ако ви оди добро, преминете од пијалак на вечера

Доколку чувствувате поврзаност, слободно порачајте нешто за јадење или пак, предложете друго место каде што би можеле да продолжите со вашиот состанок. Не заборавајте да ги одржувате нештата едноставни со цел да не се чувствува притисок. Доколку си одговарате, вие без сомнение ќе се видите повторно.

5. Што ако едноставно не ви оди?

Срцето го сака она кое срцето го сака, но притоа не заборавајте да бидете џентлемен или дама. Доколку едноставно не чувствувате никаква хемија и сметате дека тој/таа не е ваш тип, не заборавајте дека сепак станува збор за друго човечко суштество кое има чувства и ја заслужува вашата почит. Додека сте заедно посветете го целото ваше внимание на него/неа, а потоа едноставно кажете дека не сте заинтересирани. Којзнае, можеби на овој начин ќе го запознаете вашиот нов најдобар пријател.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар