Моќни цитати коишто ја прикажуваат нераскинливата врска помеѓу таткото и ќерката
Автор: Магдалена Арнаудова
Таткото игра значајна улога во психолошкиот развој на неговата ќерка уште од моментот на нејзиното раѓање. Разликата помеѓу љубезниот и отсутниот татко прави голема разлика во тоа како ќе израсне детето. Кога таткото е отсутен, било тоа да е физички или емоционално, ќерките се соочуваат со големи негативности. Наспроти ова, кога таткото е присутен, ќерката е исполнета со поголема самодоверба и самопочит. Всушност, таа секогаш има потреба да биде заштитена, било тоа да е емоционално, физички или психички и токму тука лежи суштината на силната и нераскинлива врска помеѓу таткото и ќерката.
За важноста на таквиот однос говорат и многу цитати, а дел од нив можеме да проследиме во продолжение.
„Причината зошто ќерките најмногу ги сакаат своите татковци е во тоа што постои барем еден маж на светот којшто никогаш нема да ги повреди.“ – Непознат автор
„Тато, сега кога сум возрасна, подобро сфаќам што правеше за мене додека растев. Работеше напорно за да бидам среќна, здрава и да имам сè што ми е потребно. Мислам дека никогаш нема да можам доволно да ти се заблагодарам за сè што направи за мене, но денес, па и секогаш, те молам знај дека бескрајно сум ти благодарна.“ – Непознат автор
„Татко ми умре пред многу години, а сепак кога ми се случува нешто посебно, тајно зборувам со него, не знаејќи дали тој навистина слуша, но се чувствувам подобро делумно верувајќи во тоа.“ – Наташа Јосефовиц
„Татко ми беше оној кој ме научи да се ценам себеси. Тој ми кажа дека сум необично убава и дека сум најскапоценото нешто во неговиот живот.“ – Дон Рома Френч
„Синот е син додека не се ожени, ќерката е ќерка за цел живот.“ – Непознат автор
„Кога имаш ќерка ги гледаш работите на поинаков начин. Ова е мојата единствена ќерка. Па, не ми е гајле што треба да направам за да ја заштитам. Можеш да го наречеш тоа како што сакаш. Сè додека ја третираш на истиот начин на којшто ја третирам јас, како принцеза, не ми пречи.“ – Трејси Морган
„Сигурно е дека не постои таква чиста ангелска љубов, како онаа на таткото кон ќерката. Во љубовта кон нашите сопруги постои копнеж, кон нашите синови – амбиција, но кон нашите ќерки постои нешто коешто не може да се објасни со зборови.“ – Џозеф Адисон
Па девојки, искористете ја секоја шанса и втурнете се во прегратките на вашиот татко!
❤❤❤
True <3