Времето надвор е студено. А вам секојдневно ви е потребен вашиот автомобил за одење на работа и движење низ градот. Во продолжение ви откриваме кои 15 работи треба секогаш да ги имате во вашиот автомобил за време на зимските месеци, со цел да бидете добро подготвени.
rn
1. Ќебе
rnЗа сите оние студени вечерни возења – или во случај да ви замрзне греењето.rn
2. Кибрит и факел
rnОва е сè уште најдобриот начин како да повикате помош на патот.rn
3. Дополнителна течност за шофершајбната
rnТаа мора да содржи антифриз за да може да се спротивстави на потенцијалниот снег и мраз.rn
4. Стругалка за мраз
rnЗа секој случај, доколку течноста за стакло ве изневери.
rn
5. Очила за сонце
rnНикогаш немојте да го потценувате отсјајот на сонцето во снегот.rn
6. Преносен полнач за мобилен телефон (или УСБ кабел)
rnЗатоа што после три итни телефонски повици и две пораки батеријата се намалува на 14%.rn
7. Помошни кабли
rnСтудените ноќи може да предизвикаат проблеми со акумулаторот.rn
8. Лопата
rnМожеби и најважната работа која ви е потребна во автомобилот кога неочекувано ќе падне снег.
rn
9. Ракавици
rnНадвор е студено, а вие мора да го исчистите снегот околу автомобилот.rn
10 Лед светилка
rnНикогаш немојте да се потпирате само на вашиот мобилен телефон за осветлување.rn
11. Сол
rnЗа сите заледени области на кои можете да налетате.rn
12. Енергетска чоколада
rnНема ништо полошо од тоа да бидете гладни и заглавени во сообраќајот на -10 степени.
rn
13. Вреќичка песок
rnЧувајте ја во багажникот како дополнителна тежина (и влечење) на лизгав пат.rn
14. Шише вода
rnХидратацијата е нужна секогаш и во секој момент, особено ако постои можност да се заглавите во снегот и студенилото.rn
15. Кутија со прва помош
rnНикогаш не можете да знаете што сè може да се случи поради условите на патот, па затоа и секогаш треба да бидете подготвени.


