5 неверојатни факти кои ќе ве натераат никогаш повеќе да не сакате да носите штикли
Доколку сте една од оние жени кои не можат да си го замислат своето секојдневие без штикли, тогаш можеби би требало подобро да размислите за нивните ефекти врз вашето тело. Погледнете ги следниве 5 нешта кои ќе се случат доколку ги собуете вашите високи потпетици и ги тргнете што можете подалеку од вас…
1. Вашите нозе ќе се издолжат
Штиклите можеби прават вашите нозе да изгледаат подолго, но доколку целосно ги исфрлите од употреба, вашите нозе навистина ќе се издолжат. Според една студија од 2012 година, истражувачите откриле дека оние кои редовно носат високи потпетици не само што се движат со пократки чекори (и кога носат штикли и кога се боси), туку имаат и пократки мускули на листовите од нозете. Тоа се случува бидејќи кога сте навикнати да одите со вашето стапало насочено надолу, вашата нога ретко кога се истегнува во целост, во својата природна должина. Според истражувачите, комбинацијата од истегнување, вежбање и одење со ниски потпетици ќе им помогнат на вашите нозе да се вратат во својата основна форма и должина.
2. Вашиот грб ќе се чувствува многу подобро
Штиклите прават вашиот задник да изгледа неверојатно со причина – тие ја накривуваат карлицата и на тој начин го истакнуваат задникот. Но, оваа позиција го зголемува притисокот врз лумбалниот регион на ‘рбетот, како и на мускулите кои го стабилизираат. Поради тоа, некои жени дури можат да доживеат и нешто кое се нарекува спондилолистеза, состојба во која еден од пршлените се лизнува кон друг, создавајќи нервна штета и болка. Кога ќе престанете да ги носите, вашиот ‘рбет ќе се врати во својата нормална позиција и ќе го намали стресот на долниот грб, притоа резултирајќи и со намалување на болката.
3. Петите нема повеќе да ве болат
Носењето штикли, меѓу другото, ја зголемуваат и вашата тенденција за „Ахилова пета“. Кога одеднаш ќе преминете на ниски потпетици, поставувајќи го вашето стапало под агол од 90 степени, вие ќе ја намалите тензијата на стегнатите тетиви. Со штиклите може да се појави воспаление на тенката низа клетки кои ги поврзуваат петите со прстите, па токму затоа и настанува или се зголемува болката во петите. Но, за само неколку денови или недели (можеби и месеци, доколку постојано сте носеле високи потпетици) носење рамни чевли, вашата тетива ќе се врати во нормала, а со тоа и болката ќе ви се намали.
4. Заборавете на проблемите со колената кои ве спречуваат да трчате
Без разлика на штиклите кои ги носите, тие целосно го променуваат центарот на гравитација од онаму каде што природно треба да ви биде. Тоа значи дека тетивите и лигаментите во вашето колени се истегнуваат повеќе одошто би требало, а со тоа и ви создаваат проблеми со самото колено. Па, наместо да престанете да трчате, престанете да носите штикли и вашиот проблем магично ќе исчезне.
5. Вашата рамнотежа ќе се подобри
Редовното носење високи потпетици може многу да ја наруши рамнотежата на вашето тело. Една студија од 2015 година, каде што биле вклучени стјуардеси, открила дека за само неколку години редовно носење штикли може да доведе до нарушување на силата и нерамнотежа помеѓу мускулите од страните на зглобовите и оние кои се наоѓаат од напред и од назад, резултирајќи со нестабилност во зглобовите и драматично нарушена рамнотежа. Повторно, проблемот може брзо да се реши доколку целосно ги исфрлите штиклите од употреба и преминете на ниски потпетици.