КАФЕ ПАУЗА

До сите девојки кои потрошиле премногу време на погрешна љубовна врска

До сите девојки кои потрошиле премногу време на погрешна љубовна врска

Треба да знаете дека е за восхит тоа што толку многу се трудите за луѓето кои ви значат. Прекрасно е тоа што се залагате за луѓето толку многу и што сте подготвени да им дадете сѐ. Позитивна особина е тоа што врските ги започнувате со ширум отворено срце.rnrnДо сите девојки кои потрошиле премногу време на погрешна љубовна врскаrnrnВо сите го гледате најдоброто. Го препознавате квалитетот во луѓето кои другите ги одминуваат. Во луѓето кои се исцрпени и комплицирани. Во луѓето кои мислите дека можете да ги поправите. Но, токму луѓето кои мислите дека можете да ги промените се оние кои најмногу ве повредуваат. Токму тие луѓе ќе ви земат сѐ што им давате, сѐ додека не ви остане ништо и потоа ќе си заминат, а вие ќе останете скршени.rnrnУбаво би било кога би можело да се каже дека ќе имате само позитивни искуства. Но, за жал, ќе доживеете повеќе лоши врски отколку добри. Ќе запознаете луѓе кои ќе си играат со вашите мисли и ќе ве натераат да мислите дека вие грешите. Овие луѓе ќе ви одговараат на пораките 3 дена подоцна. Тие во еден момент ќе се грижат за вас, а во друг нема да им биде гајле. Овие луѓе ќе ви ги симнат сите ѕвезди и потоа ќе почнат да ве игнорираат. Овие луѓе ќе влегуваат и излегуваат од вашиот живот како да имаат право на тоа.rnrnЌе запознаете многу луѓе кои ќе ви го кажуваат тоа што сакате да го слушнете, затоа што нивните намери нема да бидат најдобри. И тие мислат само на едно нешто. Ќе имате многу физички врски со луѓето, но секогаш ќе ви недостасува емоционалната поврзаност. А тоа не е нешто што можете да го создадете по секоја цена.rnrnПостојано ќе се обидувате и ќе се грижите, бидејќи тоа сте вие. Не знаете како да бидете опуштени и бесчувствителни, бидејќи едноставно не сте такви. Дури и погрешните луѓе ќе го извлечат најдоброто од вас. Но, многу од нив нема да ви се посветат. Ќе се анализирате себеси и ќе размислувате за вашите маани, мислејќи дека вие сте виновни поради тоа што не го добивате она што ви треба од некого, додека навистина се трудите да бидете она што некој го посакува. Ќе има моменти кога ќе се изгубите себеси преправајќи се во нешто што другите сакаат да бидете, наместо да бидете тоа што сте.rnrnДо сите девојки кои потрошиле премногу време на погрешна љубовна врскаrnrnЗа жал, луѓето ќе ве натераат да мислите дека е лошо тоа што се грижите на таков начин. Но, оваа генерација не ги почитува вашите морални вредности. Не се менувајте поради тоа, дури и да сретнете луѓе кои ќе мислат дека сте луди поради некои ваши стандарди и вредности во кои верувате. Тие ќе ве натераат да помислите дека правите нешто погрешно, но вистината е дека тие грешат. Ќе се обидат да ве принудат да се помирите со ситуацијата. Ќе има моменти кога навистина ќе се помирите и ќе прифатите помалку од она што го заслужувате. Ќе започнете неколку токсични врски со луѓе кои не се добри. И ќе бидете многу повредени. Ќе се вљубувате во луѓе кои не ја заслужуваат вашата љубов и труд. Многу од нив нема да можат да ви го возвратат она што имате да им го дадете, бидејќи станува збор за нешто поинакво. Вие сте поинакви.rnrnСите се навикнати на тоа да бидат искористувани и земани здраво за готово. Сите даваат очекувајќи да добијат нешто за возврат. Вашето љубезно и искрено давање без да очекувате ништо за возврат е прекрасно. Тоа понекогаш ќе ви предизвика болка. Ќе плачете пред да заспиете и ќе се обидете да станете подобри. Но, мора да сфатите дека вие сте подобри.rnrnВие сте подобри од момците кои ве искористуваат само за секс.rnrnВие сте подобри од момците кои ве искористуваат емоционално.rnrnВие сте подобри од момците кои ве лажат, ви го кажуваат она што сакате да го слушнете и ви даваат ветувања што никогаш не ги исполнуваат.rnrnВие сте подобри од момците кои не можат да се посветат.rnrnВие сте подобри од сите тие пораки што остануваат неодговорени и сите тие игри што другите обожаваат да ги играат.rnrnВие сте подобри од луѓето кои ве оставаат да чекате.rnrnВие сте подобри од луѓето кои си заминуваат.rnrnВие се приврзувате емоционално и мислите дека ви требаат луѓето, но вистината е дека вие им требате ним и многу од нив не се свесни за тоа, додека не си заминете и не стане предоцна.rnrnНо, немојте да се менувате колку и да ве боли. Еден ден ќе сретнете човек кој ќе ви покаже дека вредите. Еден ден ќе сретнете некој и сето тоа што сте го правеле за другите ќе ви се врати назад. Еден ден ќе ви се вкрстат патиштата со човекот кој ќе ви покаже колку сте прекрасни и ќе почнете да се гледате себеси низ негови очи. Нема да гледате во недостатоците и во нештата што би сакале да ги промените, бидејќи за него вие ќе бидете совршени.rnrnДо сите девојки кои потрошиле премногу време на погрешна љубовна врскаrnrnЌе сретнете човек кој нема да ве зема здраво за готово и да ве искористува за секс, туку ќе ве научи каков треба да биде сексот во една здрава врска. Тој нема да ве чува како тајна туку ќе ве покажува пред целиот свет. Тој ќе ве пресретне на половина пат. И кога ќе се случи сето тоа, ќе ви биде чудно на почеток бидејќи не сте навикнале да го добивате она што го давате иако тоа е токму она што го заслужувате.rnrnТој брзо ќе одговара на вашите пораки и ќе сака да биде со вас исто толку колку што и вие ќе сакате да бидете со него. Тој нема да ги откажува вашите планови и да ве извисува, додека вие се обидувате да делувате храбро иако страдате.rnrnЌе бидете повредени многу пати во животот поради вашиот карактер. Еден ден ќе љубите повторно, ќе бидете сигурни во тоа и ќе се будите до човек кој ќе направи да заборавите на сите луѓе кои некогаш ве повредиле, бидејќи тој нема да се однесува со вас на таков начин.rnrnМожеби ќе си помислите дека не треба трудите толку многу додека не го најдете вистинскиот. Дека не треба да се повредувате себеси со вашето длабоко љубење. Дека не морате да правите сѐ за да ја спасите врската. Дека не смеете да ги одбирате погрешните луѓе. Но, мора да сфатите дека погрешните врски требало да се случат.rnrnОвие лоши врски што ве скршиле на милион парчиња ќе ве научат како да ја цените вистинската врска. Немојте да се менувате и покрај тоа што страдате, бидејќи еден ден нема да чувствувате болка и еден ден ќе ви се врати назад сето она што сте го вложиле во луѓето кои не ја заслужиле вашата љубов и дарежливост. Тогаш ќе сфатите дека тие не ве заслужувале вас.rnrnНе очајувајте поради тоа што сте сингл! Наместо тоа, партнерот што го барате, пронајдете го во себе.