Лавот е огнен знак и неговите припадници се родени помеѓу 23 јули и 22 август. Иако 2015 беше тешка година за лавовите, тоа не беше така за Лавиците. Тие се силни лидери со нежна страна и можеби ви изгледаат како опасни лавици однадвор, но внатре тие се ранливи.rnrn
rnrnОна што е интересно кај овој знак е што тие се комбинација од нежност и сила и харизматичност со доза внимателност. Жените во знакот Лав се родени лидери – тие можат да станат поп ѕвезди или комедијанти, имаат големи шанси да станат писатели или големи готвачи. Можностите за овој огнен знак се бесконечни. Ако познавате некоја Лавица, или вие сте припадничка на овој хороскопски знак, еве неколку нешта кои треба да ги запомните.rn
1. Жените во знакот Лав се водачи на Зодијакот
rnТие се оптимистични и навидум бестрашни, се спротивставуваат на секој што ќе им застане на патот и се спремни на сѐ. Кога се со група луѓе кои се во недоумица, припадничките на знакот Лав се оние кои први преземаат иницијатива и ги водат останатите. Тие имаат моќ да се справат со сѐ – без разлика дали тоа значи планирање забава или решавање на некој проблем и лесно можат да убедат некој да направи нешто за нив.rn
2. Тие се центар на внимание
rnОвие жени се оние кои ги носат одлуките, но и кои бараат одобрение. Луѓето веднаш знаат дека тие се оние кои први ќе дадат предлог и ќе го спроведат зацртаниот план, ама во исто време тие секогаш чекаат одобрување од другите луѓе. Иако изгледаат како да имаат голема самодоверба, Лавиците многу се грижат за тоа како другите ги гледаат.rnrnТие ги спојуваат луѓето и иако уживаат во големи друштва, некогаш сакаат да поминуваат време сами. Тие се многу чувствителни кога станува збор за нивното прифаќање во друштвото, но исто така некогаш сакаат да бидат и надвор од него.rnrnАко сакате да изгледате како жена во знакот Лав треба да имате волуменозна коса, облека која остава силен впечаток и црти кои ве делат од останатите. Тие го трошат нивното време и нивните пари за да се осигурат дека изгледаат добро, но тоа го прават за себе, а не за другите.rn
3. Тие се чувствителни
rnЖените во знакот Лав се емоционални жени кои лесно можете да ги повредите. Додека останатите ги критизираат дека на моменти се премногу суетни, нивната огромна надворешна самодоверба може да биде само маска за големата несигурност која се крие внатре во нив.rnrnОд есенцијална важност е тие да ја покажуваат нивната ранлива страна за да заслужат почит од луѓето околу нив. Ако не бидат ранливи, тогаш луѓето ги перципираат како кавгаџии и агресивни луѓе.rnrnЛавиците многу внимаваат на луѓето околу нив. Лесно паѓаат под влијание на туѓите аури и честопати се обидуваат да направат луѓето околу нив да се чувствуваат подобро – макар и по цена на нивната среќа. За нив еден од најтешките животни предизвици е да најдат баланс помеѓу нивната силна и нивната ранлива страна. Потребно им е време да ги обработат емоциите пред да реагираат.rn
4. Лавиците се директни
rnНе се срамат да го искажат своето мислење, без разлика дали луѓето околу нив се согласуваат или не. Тие имаат мислење и сакаат да го искажат. Иако на моменти се тврдоглави, тие лесно можат да продолжат понатаму. Не држат лутина и не се воздржуваат. Знаат што сакаат од животот и целат кон постигнување на тоа. Кога станува збор за постигнување цели, никој не може да им ги попречи нивните планови. Додека на некои луѓе ова им изгледа како да имаат пресилен натпреварувачки дух, тие знаат дека единствената конкуренција си се тие самите на себе.rn
5. Припадничките на овој знак се длабоки романтичари
rnТие се спремни да го чекаат она што го заслужуваат. Сакаат да истражат сѐ што им се нуди, но сепак некој ден сакаат да се скрасат. Уживаат во сингл статусот и авантурите што тој ги овозможува, но честопати се спремни да го чекаат господинот Вистински.rnrnИмаат силни пориви за секс и се спремни да пробаат скоро сѐ. Иако надвор од спалната соба сакаат да бидат центар на внимание, во неа тие се малку поскромни. Не се срамат да им кажат на своите пријатели за нивните секс авантури, но сепак преферираат некои тајни да си ги зачуваат за себе. Некогаш сакаат малку да флертуваат, но никогаш не би ги повредиле саканиот.rnrnНивните врски се длабоки и емоционални. Кога станува збор за страст тие се како луда железница – се расправаат, се караат и се љубоморни, но кога се навистина заљубени тие го даваат својот максимум за личноста која ја љубат.rn
6. Тие се прекрасни пријателки
rnТие се љубезни и лојални пријателки кои се премногу великодушни и честопати премногу заштитнички настроени. Амбициозни се и лесно се справуваат со неуспех. Луѓето обожуваат да бидат околу нив. Лавиците го зачинуваат животот на оние околу нив.rn
7. Припадничките на овој знак се сложуваат една со друга
rnТие го разбираат и доброто и лошото кое доаѓа со секој човек и воглавно се сложуваат со останатите припаднички на овој знак. Потребно им е време да се разберат себеси и да најдат баланс. Ако го прават тоа, тогаш останатите можат да го ценат нивниот сложен карактер. И најважното нешто што овие жени треба да го запомнат: Никогаш не срамете се од моќта која ја поседувате.