Иако вие спиете, вашето тело сепак работи – поправа, подмладува и се полни со енергија. Па зошто не ја искористите таа моќ и да го потпомогнете процесот? Следете ги овие совети и разбудете се чувствувајќи се и изгледајќи уште поубаво.rnrn
rn
1. Бришење на брчките
rnМожеби веќе користите анти-ејџинг серум или некоја ноќна крема, но употребата на маска за спиење е најефективното нешто. Овие маски се можеби најдоброто нешто што би сакале да го ставите на лицето додека паѓате во длабок сон. Целете кон маска полна со екстракт од брусница и хијалуронска киселина – за еластичност, хидратација и измазнување на лицето.rnrnСовет плус: Пред да ја ставите маската нанесете хидратантна крема.rn
2. Добро одржувани стапала
rnАко вашите стапала се испукани и суви, тогаш ние го имаме совршеното решение за овој мачен проблем! Нанесете вазелин или која било густа хидратантна крема и потоа облечете памучни чорапи. Практикувајте го ова секоја вечер пред да легнете да спиете затоа што чорапите овозможуваат кремата да остане на вашата кожа и да се впие што е можно подобро.rn
3. Свиленкаста коса
rnИмате долга коса и секогаш се плашите дека ќе ја оштетите додека спиете. Звучи познато? Вистина е дека кога се превртувате во креветот се создава триење кое води до електризирање и кршење на косата. Како да се справите со овој проблем? Лесно. Користете сатенски навлаки за перница, кои поради лизгавата површина ѝ дозволуваат на вашата коса да се движи мазно, без да предизвикува триење. Или уште подобро решение – спијте со лабава плетенка.rn
4. Хидратизирани усни
rnНе е потребно многу за да имате убави усни. Нанесете тенок слој масло од бадем на усните пред да си легнете и така ќе добиете меки, мазни усни кои секој би сакал да ги бакнува.rnrn
rn
5. Меки кутикули
rnАко сакате да имате меки кутикули, тогаш втријте малку кокосово масло во ноктите пред да заспиете. Вака ќе ги хидратизирате кутикулите и ќе ги зајакнете ноктите.rn
6. Долги и густи трепки
rnПостојат неколку серуми за природно растење на трепките, но тие се прилично скапи и ретко достапни на нашите пазари. Затоа, постои едноставно решение кое најверојатно се наоѓа некаде низ вашата куќа. Пробајте со рицинусово масло. Многу внимателно нанесете го на горната линија на трепките со помош на чепкалка за уши. Вака ќе имате подолги и погусти трепки за 8 недели. Вреди да се проба, особено затоа што е бесплатно!rn
7. Меки раце
rnКога веќе го знаете трикот за меки стапала, време е да ви ја кажеме „тајната“ за меки раце. Ексфолијацијата од кафеав шеќер и маслиново масло е совршена, а по неа употребете масло со витамин Е како додаток на вашиот крем за раце. Облечете ракавици и легнете да спиете. Наутро ќе се разбудите со помеки раце кои изгледаат помладо.rn
8. Сјајна кожа
rnАко сте спремни да се посветите на оваа рутина, тогаш веднаш ќе забележите сјај на вашата кожа. Користете масло со витамин Е пред да нанесете ноќен крем. Исто така, може да користите маслиново масло и со лесни потези да го масирате лицето додека не се впие во кожата. Практикувајте го ова секоја вечер.rn
9. Ослободете се од мозолчињата
rnАко сакате да се ослободите од нив тогаш нанесете паста за заби на проблематичните делови. Оставете да делува преку ноќ и измијте го лицето наутро.rnrnСовет плус: Важно е да користите паста, а не гел.rnrn