7 чекори до долг и незаборавен бакнеж, исполнет со многу емоции и страст

7 чекори до долг и незаборавен бакнеж, исполнет со многу емоции и страст

Понекогаш бакнежот е многу повеќе од само бакнеж. Многу е лесно да се заборави дека физичката интимност не е само за во спалната соба. Но, постојат многу големи придобивки за вашата врска од прегратката кога се разделувате наутро, 2-минутната масажа кога ќе се сретнете по работата, како и долгиот бакнеж во вратот од него/неа додека средувате нешто дома. Па, доколку сакате да го/ја бакнете како никогаш претходно, следете ги следниве едноставни чекори.

7 чекори до долг и незаборавен бакнеж, исполнет со многу емоции и страст

1. Започнете од доле и движете се нагоре. Вашите стапала можат да бидат најдобриот начин на опуштање. Тие се преполни со чувствителни и сензуални нервни завршетоци, па токму затоа давањето и добивањето 10-минутна масажа на стапалата добро ќе ги загреат нештата пред вашите усни да се допрат.

2. Очите имаат сè. Не постои ништо поинтимно или поранливо од продолжен контакт со очи. Обидете се да седите со вкрстени нозе, допирајќи ги вашите колена и нежно држејќи се за раце додека едноставно ги набљудувате вашите очи 5 минути и гледате како ќе почнат да летаат искри.

3. Опуштете се. Згрчената горна усна никогаш нема да доведе до добар бакнеж, па токму затоа погрижете се да се ослободите од стресот пред да дојдете до самиот бакнеж. Тоа најлесно можете да го сторите со еден вид масажа каде што нежно ќе удирате со вашите прсти на челото, образите, очите и вилицата на вашиот партнер. Потоа продолжете кон рамената и грбот и тој/таа ќе се стопи како путер во вашите раце.

4. Забавете. Одвојте време вистински да ја почувствувате формата на устата на вашиот партнер и да го откриете секој милиметар од неа.

5. Дишете. Не заборавајте да дишете длабоко, бидејќи нема да можете да го разгорите огнот без воздух. Плитките воздишки нè спречуваат да изградиме страст, поставувајќи блокови во кој се спречува растење на интимноста.

6. Впуштете се во што подолг бакнеж. Повеќето луѓе имаат потешкотии при давањето или добивањето долг и луксузен бакнеж. Обидете се да менувате позиција и да го вежбате она кое е потешко за вас.

7. Не заборавајте дека со вежбањето ќе се усовршувате. Доколку страсното бакнување стане дел од вашиот секојдневен живот, тогаш без сомнение постојано ќе се подобрувате. Па, заборавете на оние кратки бакнежи на образот и бакнете го/ја како да нема утре!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар