Направи сама: Уникатна, шик и модерна чанта со помош на техниката декупаж

Сподели

Доколку сте креативни, имагинативни и со вашата гардероба и аксесоари сакате да се издвојувате од останатите, тогаш ви претставуваме идеја вашата стара чанта да ја украсите со декупаж мотиви. Вака дизајнираната чанта не само што ќе биде уникатна, туку и ќе го воодушеви секој што ќе ја види.

Реклама

rn

Потребен материјал:

rn

    rn011

  • Стара чанта
  • rn011

  • Памучна ткаенина со мотиви по желба
  • rn011

  • Леплива трака
  • rn011

  • Лепило за декупаж
  • rn011

  • Пластични садови
  • rn011

  • Четки
  • rn011

  • Ножици
  • rn011

  • Боја
  • rn

rnЧекор 1: Со леплива трака залепете ги сите ќошеви и каиши на чантата, а потоа ставете ја бојата во пластичен сад.

Чекор 2: Нанесете ја бојата на чантата со помош на четка. Почекајте првиот слој да се исуши, па нанесете уште еден, а најмногу два слоја.

Чекор 3: Додека бојата се суши, внимателно исечете ги цветовите од ткаенината. Наредете ги по сопствена желба на обоениот дел од чантата.

Чекор 4: Залепете ги со лепило за декупаж, а потоа нанесете уште еден слој од лепилото преку залепените цветови. Откако ќе се исуши лепилото, отстранете ја лепливата трака што ја нанесовте на почетокот. Вашата уникатна, шик и модерна чанта е готова!

Содржина /затвори

Популарно

Може ќе ве интересира