Практични, разумни и подготвени да учат: Зошто Девиците се најуспешниот хороскопски знак?

Практични, разумни и подготвени да учат: Зошто Девиците се најуспешниот хороскопски знак?

Девицата е земјен променлив знак, кој во својот живот планира и анализира сè, така што ги дели нештата на најситни детали со помош на својот реален и трезвен ум. Таа понекогаш делува ладно и воздржано, но тоа настанува само поради нејзината вродена способност да воочува детали. Таа е насочена кон практичните, конкретни, опипливи и материјални нешта во животот кон кои пристапува методично и студиозно. Својата животна енергија ја насочува кон практичните, сигурни и корисни нешта, без претерано да се истакнува и привлекува внимание кон себе. Често се случува кај овој знак да се забележи недостаток од самодоверба, затвореност и изразена неодлучност.

Практична, разумна и подготвена да учи: Зошто Девиците се најуспешниот хороскопски знак?

Девицата е склона на повлечено, срамежливо и внимателно завршување на своите работни активности додека брзо се прилагодува на околностите и ситуациите. Таа е многу вредна и дисциплинирана, но токму поради својата ненаметлива и скромна природа најдобро се снаоѓа под туѓо водство, на подредена позиција и кога им помага на другите да ја завршат работата со својот неверојатно организиран ум и безгрешна анализа. Нејзиниот интелект ја учи на понизност, додека пак својата лична амбиција ја става во служба на другите луѓе. Девиците едноставно обожаваат да работат, дури и откако ќе ги завршат своите обврски, па токму затоа и постојано си наоѓаат нешто плус за изработување. Таа има потреба од чувство на должност, но исто така обожава да ги враќа нештата во ред.

Без разлика на нејзината кариера, таа на нештата им пристапува логично, анализирајќи ја секоја ситница и детаљ, при што воочува апсолутно сè. Сите Девици си го знаат својот ред, па дури и најситните објекти си имаат свое место кај нив. Тие знаат да бидат малку критички настроени и да упатуваат замерки и забелешки доколку не е сè совршено изработено, особено ако при работата се занемарени некои според нив важни детали. Во тие моменти Девицата знае да бара многу, но тоа произлегува само поради нејзината желба сè да биде совршено. Од друга страна пак, таа е и многу критичка кон себе, свесна за своите грешки и маани, па токму затоа и има навика да ги потценува своите квалитети и извонредни особини.

Тие се не впуштаат во непотребни приказни кои не ги водат никаде и немаат никаква практична корист во нивниот живот. Девицата често не верува никому, во сè се сомнева и скептично пристапува кон анализирањето на секој збор кој го добила. Изразениот интелект на овој знак ги прави неговите припадници многу паметни, практични, разумни и насочени кон учење, создавајќи им сознанија кои можат конкретно и секојдневно практично да ги применуваат. Девицата го гради својот личен идентитет низ работата, па токму затоа и другите ја доживуваат како вреден и грижлив работник. Прецизното и точно планирање на секојдневни работни должности и обврски им овозможуваат добра организираност во работата. Таа исто така е позната и по својата хигиена и здравје, а често е и добар пациент бидејќи строго се придржува до насоките од својот доктор. Од друга страна, Девиците се и одлични дијагностичари на болести.

Девицата има способност дури и на најмалата трошка да ѝ пристапи методично и систематично, со претходна голема подготовка. Нејзиниот дом е стерилизиран и дезинфициран, додека пак внатрешната атмосфера им наликува на аптека. Чистотата им е многу важна, па затоа се и склони кон претерана педантност. Во текот на својот живот имаат предиспозиции да се препуштат на меланхолично и апатично расположение, бидејќи претераната загриженост може да ги одведе кон депресија.

За Девиците, најсоодветните кариери се во областите на: книговодството, административните, предавачките и комерцијалните дејности, медицината, разните занаети, како и егзактните научни сфери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар