Кога маските ќе паднат: 5 знаци кои откриваат дека вашата врска е „болна“!
Многумина од нас не сакаат да признаат дека се наоѓаат во неквалитетна љубовна врска, сè додека не дојде до раскинување – денот кога маските ќе паднат долу! Тоа е поради тоа што девојките често не ја гледаат реалната ситуација во врската, ниту пак можат објективно да ги согледаат сите лоши и добри работи. Затоа одлучивме да ги издвоиме најчестите знаци кои покажуваат дека вашата врска е нездрава.
1. Чувствувате дека ништо не можете да направите како што треба
Вашиот партнер константно ве омаловажува и критикува што вие започнувате да мислите дека не сте доволно добри. Кога ќе помислите да направите нешто – се блокирате, бидејќи уште на почетокот се плашите дека нема да го направите добро и дека некој ќе ве осуди поради тоа. Подобро е што е можно побрзо да си го признаете тоа на себе, бидејќи на овој начин вашето момче ви се потсмева, а вие поради тоа се срамите и не се чувствувате удобно во сопствената кожа. Омаловажувањето прави да се чувствувате незадоволно и ја црпи целата ваша внатрешна сила.
2. Сè се врти околу него, а никогаш околу вас
Секако дека и вие имате чувства, но вашиот партнер не е заинтересиран да ги слушне. Не постои можност да имате разговор во кој вашето мислење ќе се сослуша со внимание, поддршка и почит. Во ситуациите кога треба сериозно да разговарате, тој се бори со вас, сè додека тој не го даде последниот збор. Таквите партнери ретко, скоро никогаш, не прашуваат што вие мислите и како се чувствувате, туку гледаат само за себе. Егоцентричните и себични мажи не се спремни за љубов, жртвување и прилагодување.
3. Не уживате во убавите моменти со партнерот
Секој ден за вас претставува уште еден предизвик. Се чини дека вашиот партнер секогаш поставува прашања – и тоа секогаш погрешни и глупави! Неговиот обид да го контролира вашето однесување е всушност контролирање на вашата среќа. Освен тоа, овој тип на маж сака да се фокусира на негативноста за да ве задржи покрај него. На тој начин тој од себе прави жртва и очекува вие да се сожалите на него. Искрено – тој е несреќен и беден, иако тој не сака да си признае на себе.
4. Кога тој е покрај вас, вие не се чувствувате пријатно во сопствената кожа
Не се чувствувате удобно да зборувате за сè што мислите и да се однесувате така како што сакате. Во овие моменти помислувате дека треба да ставите нечие друго лице, само за тој да ве прифати. Ова негово ужасно однесување ќе ве промени многу. После некое време ќе сфатите дека не можете да се препознаете себеси, како ни вашите најдобри пријатели и семејството.
5. Се чувствувате дека ви е забрането да се менувате
Исто како и претходното, вие не чувствувате никакви промени во вашиот живот и ви се чини дека сте приврзани кон самотијата, негативноста и незадоволството. Всушност, тука е проблемот што кога и да сакате да унапредите нешто во својот живот, вашето момче ве исмејува. Од негова страна не постои охрабрување и поддршка, туку само критика. Тој инсистира на тоа дека вие не можете да се промените, ниту да напредувате во животот.