Дури и ако обожавате класично ледено кафе, малите промени никогаш не се на одмет. Па, доколку сакате да ја освежите вашата дневна доза леден кофеин, погледнете ги следниве неколку предлози кои ќе направат да уживате уште повеќе во вашиот омилен летен пијалак.rn
1. Домашен сируп за ледено кафе
rn
rnrnДомашните и едноставни сирупи се најдобриот начин да додадете уникатен вкус на вашето кафе. Кликнете тука доколку сакате да откриете како да го направите домашен сируп за ледено кафе на кој подоцна можете да му додадете секаков вкус – овошен, чоколаден, цимет…rn
2. Ледени коцки со вкус на кафе
rn
rnrnЗамрзнете ги остатоците од кафето во калап за ледени коцки и наредниот ден ќе можете да уживате во нив. За целосен рецепт, кликнете тука.rn
3. Направете сами чаша за носење на вашето кафе
rn
rnrnСè што ќе ви биде потребно за оваа чаша се сламки кои можете да ги користите повеќе пати, мала тегличка и пиштол за лепило. Започнете така што ќе направите дупка во центарот на капакот, а потоа проширете ја за да може во неа да влезе сламката. Поставете нитни под и над дупката и прицврстете ги со лепилото. Вашата чаша за носење е готова.rn
4. Егзотичен прелив
rn
rnrnДодајте необичен вкус на вашето кафе. За овој рецепт ќе ви бидат потребни 2 портокали, 20 грама средно мелено кафе, 5 парчиња кардамом, искршени и 900 милилитри филтрирана вода (плус 230 милилитри со цел да се замени водата која е изгубена при филтрирањето)rnrnИзрендајте ја кората од портокалите, притоа внимавајќи да не вклучите од белиот дел. Портокалите можете слободно да ги изедете или да ги зачувате за друга прилика. Измешајте ги добро кафето, изренданата кора од портокалите, кардамомот и водата во голем сад и покријте го. Оставете ја смесата да се одмори на собна температура, околу 24 часа. Филтрирајте ја смесата неколку пати низ ситна цедалка, а потоа поставете врз неа хартиена крпа и повторете уште еднаш или два пати. Чувајте го преливот во фрижидер.rn
5. Топка сладолед
rn
rnrnЗасладете го вашето ледено кафе со топка сладолед од вашиот омилен вкус!rn
6. Кафеав шеќер
rn
rnrnСменете го белиот шеќер со кафеав. Тој подобро се разложува во студените пијалаци, а плус додава и вкус на карамела.rn
7. Забавни и колоритни сламки
rn
rnrnВие можете да ја разбиете монотонијата на секојдневното ледено кафе со едноставно додавање шарена сламка.rn
8. Кондензирано млеко
rn
rnrnКондензираното млеко е веќе засладено, па токму затоа и целосно можете да го изоставите шеќерот со помош на овој вкусен додаток.rn
9. Допир свежо нане
rn
rnrnДоколку се чувствувате авантуристичко, покрај нането додајте и една лажица чоколаден сируп.rn
10. Шлаг пена
rn
rnrnНе мора да чекате посебна прилика со цел да го декорирате вашето ледено кафе со вкусен пенест шлаг!