КАФЕ ПАУЗА

Нешта кои паровите кои се во добра врска добро ги прават

Најголемиот број добри работи, кои ја сочинуваат добрата врска, се однесуваат на тоа партнерите да бидат свесни и присутни, да обрнуваат внимание, да забележуваат, разбираат, сочувствуваат и да настојуваат да изразат благодарност, како и да се наградат меѓусебно за вниманието што го добиваат. Тоа значи дека навистина работат на тоа да не земаат сè здраво за готово, односно да сфатат кога се случува тоа и да ги обноват вниманието и присутноста.rnrn1-raboti-koi-parovite-koi-se-vo-dobra-vrska-gi-pravat-odlichno-www.kafepauza.mk_rnrnТоа се прости и секојдневни работи… Како она кога тој ќе подготви храна за викендот, а вие ќе го изненадите со тоа што ќе направите голем ручек со неговите омилени јадења преку недела, а на крај ќе ги измиете садовите, бидејќи тој има тешка работна недела. Или пак, кога тој ќе го направи истото за вас.rnrnИсто така, тоа е искажување благодарност за обичните работи кои партнерот ги презема за да ви го олесни секојдневието, а за кои немало потреба да го потсетувате, да го барате тоа од него, па ниту да го замолите. Едноставно, се сетил. Да ја исчисти бањата, да го среди гардероберот, да испланира јадење и да оди во маркет…rnrnОбичните работи, секојдневните услуги и возвраќањето на нив, прават заедничкиот живот да тече без оптоварување дека морате да правите сè сами или дека ако не направите нешто, тоа ќе остане ненаправено додека не пронајдете време и сила за тоа.rnrnПоради тие работи многу жени се преоптоварени со домашните работи и со организирање на нештата, и покрај останатото што го работат, а многу мажи не сфаќаат дека тоа не треба да биде така и дека можат на својата поубава половина да ѝ го олеснат животот и да добијат додатно внимание и благодарност.rnrnНа овој начин и двајцата се во добивка – жената не е жртва на патријархално воспитување, а мажот е вклучен, одговорен и повеќе ценет.rnrnПокрај секојдневните работи, добрите парови одлично ги прават и работите кои се однесуваат на логистиката и славењето на постигнатиот успех.rnrn2-raboti-koi-parovite-koi-se-vo-dobra-vrska-gi-pravat-odlichno-www.kafepauza.mk_rnrnУспешно завршен проект, унапредување на работното место, склучување договор на кој долго се работело, ново работно место – тие не пропуштаат заеднички да ги прослават постигнатите успеси. И тоа не мора да биде начин на кој вообичаено се прославува.rnrnМоже да го промовирате делото на вашиот партнер на интернет, да покажете колку сте горди на неговиот успех. Може да го однесете на вечера, да му закажете спа-третман или да му купите симболичен подарок.rnrnМногу парови паѓаат на испитот за преземање на вкупната одговорност, кога еден од нив е исфрлен од седлото – кога е болен, тажен или на долго службено патување. Во ред е да чувствувате страв од себична причина – како ќе правите сè сами – но единствено нешто што треба да направите е да бидете свесни како се чувствувате и зошто се чувствувате така и тоа да го надминете со несебичната грижа за партнерот и за сè останато.rnrnУспешното партнерство пред сè е несебично пријателство!