Неверојатното влијание на маслиновото масло на нашето здравје е одамна познато, но ретко кој знае дека и лисјата од маслинката се лековити. Повеќето од нас уживаат во консумирањето маслиново масло и добро сме запознаени со неговата лековитост, но не знаеме дека и маслиновите гранчиња можат да ни помогнат за многу нешта.rnrn
rnrnТокму листовите од маслинката се традиционален лек кој со векови се користи за терапевтски намени. Референца за неговата лековитост може да се пронајде дури и во Библијата.rnrnЕден од основните состојки во листот на маслинката што се нарекува олеуропеин, содржи антибактериски, антивирусни и антигабични својства. Неколку истражувања покажале дури и дека го намалува крвниот притисок, како и шеќерот, а во себе содржи повеќе антиоксиданси и од зелениот чај. Денес најчесто се користи во форма на екстракт или како чај.rnrnПогледнете ги во продолжение неверојатните здравствени придобивки од маслиновите листови и подгответе се да бидете воодушевени.rnrn1. Помага при остеопороза. Олеуропеинот го поттикнува развојот на клетките коишто се заслужни за развојот на коските, па на тој начин помага во превенцијата и лечењето на остеопорозата.rnrn2. Лечи бактериски и вирусни инфекции. Микроорганизмите како бактериите и вирусите се беспомошни во борба со олеуропеинот. Тој ја спречува нивната репродукција и тие не можат да продолжат да се шират во организмот.rnrn3. Го спречува стареењето. Слободните радикали ѝ штетат на кожата, а листовите од маслинката се богати со антиоксиданси кои ги уништуваат и ја ревитализираат кожата.rnrn4. Го намалува крвниот притисок. Експертите докажале дека олеуропеинот ја подобрува циркулацијата, го спречува создавањето на крвни згрутчувања и го намалува притисокот.rnrn5. Се бори против лошиот холестерол. Многу состојки во лисјата од маслинка го спречуваат формирањето на лошиот холестерол во нашиот организам.rnrn
rn
Рецепт за чај од маслинови лисја
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 15-30 исушени листови од маслинка
- 2-3 децилитри вода
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете ги листовите во водата и варете 10-тина минути. Потоа тргнете ја водата од оган и оставете ја да се олади околу 15-тина минути. По желба додајте лимонов сок и мед за да го збогатите вкусот. За максимален ефект, пијте го овој чај редовно барем неколку недели.rnrnПрочитајте ги и овие 7 придобивки од секојдневното пиење маслиново масло.