Што сметаат мажите дека е најпривлечно на женското лице?
Истражувачите од Мадрид спровеле интересно истражување на тема привлечност. Тие ги анализирале цртите на женското лице со цел да откријат кои од нив мажите ги сметаат за најпривлечни. Па, што мислите, кои одлики на женското лице мажите ги сметаат за најпривлечни? Усните, носот, очите или пак, нешто сосема друго?
Истражувачите со помош на оваа студија дошле до интересни заклучоци. Машките испитаници оценувале фотографии од 266 жени, кои биле црно-бели со цел да се избегне влијанието на боите врз перцепцијата. Исто така жените не биле насмеани. Тоа што се открило е дека за мажите најважното нешто на женското лице е симетријата. Асиметричните лица не им биле толку привлечни колку оние кои се пропорционални.
Но, тоа не е сè. Тие исто така откриле и дека мажите ги рангирале како најпривлечни оние жени чии лица спаѓале во категоријата „просечени“. Научниците веруваат дека ова се случува како резултат на нивното потсвесно поврзување на просечните црти на лицето со хетерозиготноста, односно мерката за генетска разновидност.