Љубовта е во малите нешта: Прекрасни илустрации кои ги доловуваат секојдневните моменти
Честопати сме толку преокупирани со нашите обврски и нашите зафатени животи, што забораваме да уживаме во малите нешта кои животот секојдневно ни ги нуди. Некогаш едноставно треба да застанеме и да ја забележиме убавината и среќата што ја имаме.
Во секој ден има љубов и убавина. Некогаш е нешто мало – изгрејсонце или заспивање покрај саканиот/ата, а некогаш е нешто големо. Секој ден е различен, но во секој има нешто видливо или сокриено, а ние треба да бидеме доволно внимателни за да го забележиме. Овие илустрации го доловуваат секојдневниот живот и малите мигови кои ќе ги пропуштиме, ако не внимаваме доволно.