Си пливате во прекрасното море или едноставно уживате во плиткото разладувајќи се, кога наеднаш нешто почнува да ве пече, како да сте се допреле на коприва. Тоа ви е поздрав од медуза.rnrn
rnrnПрво нешто што треба да сторите е да излезете од вода и да го исчистите местото на кое ве допрела медузата. Тоа најдобро е да го направите со морска вода, а потоа можете да нанесете и малку алкохол.rnrnДоколку при рака имате домат, исечете го на половина и убаво измачкајте го местото. Исто така можете да се послужите и со оцет, сок од домат или лимон, но и со урина.rnrnСтар народен лек кој го ублажува печењето од медузата е смоквиното млеко. Тоа е онаа бела течност која излегува кога ќе откинете лист од смоква. Доколку не верувате во природна медицина, тогаш можете да користите некоја од кремите против изгореници или некоја антибактериска крема.rnrnОткако ќе му пружите нега на местото, држете ладни облоги додека црвенилото и печењето не престанат. Доколку тоа не се случи, појдете на лекар.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
