Работете со љубов
„Работата е љубов на видлив начин.“ – Калил Џибран
Љубовта и работата се теми за кои вообичаено не се зборува истовремено. Но, ако си дозволите, работата може да биде прекрасен начин да се изразите себеси и да му покажете љубов на светот околу вас. Без разлика дали послужувате гости во кафеана или сте кардиохирург, во секоја работа им служите на другите и се обидувате да им го направите животот подобар, во некој аспект. Сите сме искусиле ситуација во која некој наш колега не воздига до степен што ни го прави денот поубав, но за жал исто толку лесно некој од нашата работна околина може да не спушти и да ни го направи денот ужасен.Секогаш имаме избор какви ќе бидеме на работа, без разлика на типот на работата. Запознаваме прекрасни луѓе кои се задолжени за чистење на подовите низ долгите ходници, но и не толку воодушевувачки луѓе кои се на прекрасни работни позиции.
Како вие ја носите љубовта на работа?
Имате избор
Секое утро влегувајте со десна нога во вашата канцеларија. Дури и да не ја сакате својата работа, можете да уживате помагајќи им на другите околу вас. Редовно потсетувајте се на ова. Во стресни ситуации, дајте сè од себе за да ги совладате проблемите и да продолжите понатаму со работниот ден. Плачејќи и жалејќи им се на колегите нема да ја подобрите ситуацијата ако не преземете нешто околу тоа.
Бидете подготвени
Бидете подготвени за работниот ден. Потрошете малку плус време за себе за да се чувствувате добро пред да излезете за на работа. Ако отидете со главоболка или во брзање, нема да се чувствувате најдобро. Би било идеално да издвојувате малку време за вежбање наутро, после што треба убаво да појадувате. На овој начин ќе си ја одржите концентрацијата и ќе бидете подготвени за денот што е пред вас.
Бидете благодарни
Бидете благодарни за вашата работа. Дури и во случаи кога платата е едниствената работа за која сте благодарни, сепак има за што да се „држите“. Да се биде благодарен не значи дека треба да се искажува задоволство за работа која не го причинува, но развивајќи позитивен став кон одредени аспекти од нејзе, ќе си помогнете да се чувствувате подобро додека сте таму. Можеби не ја сакате работата, но ја обожавате дружбата со колегите. И ова може да биде нешто за што би можеле да бидете благодарни.
Уживајте секој ден
Донесете одлука дека ќе уживате во работата секој ден. Навистина е толку едноставно. Вашето размислување прави голема разлика во начинот на кој ги доживувате работите. Ако работите работа која воопшто не ја сакате, почнете да наоѓате причини да уживате во неа и од ден за ден ќе можете да ја почувствувате разликата. Гледајте да користите максимум од ситуацијата во која се наоѓате и ширете го задоволството на оние околу вас.
Бидете присутни
Ако научите да бидете присутни и да се соочувате со секоја ситуација, ќе имате многу повеќе енергија и љубов за давање. Вежбајте секогаш да бидете присутни во моментот и да ја завршувате задачата која е моментално пред вас. Многу често нашето незадоволство на работа доаѓа од мислењето дека ситуацијата треба да биде поинаква. Престанете да се опирате и почнете да се ангажирате повеќе во вашата работа.
Давајте насмевки
Насмевката има двоен ефект. Од една страна ќе направи самите вие да се чувствувате подобро, додека истовремено позитивно ќе влијаете врз другите. Па, смејте се често!
Заклучок
Очигледно е дека колку повеќе искрено уживате во работата, толку е подобро. Борете се да ја најдете работата што ја сакате. Потребно е многу помалку труд за да се најде задоволство и да се искажува љубов во работа која се работи со уживање. Во таква ситуација, работата навистина станува љубов прикажана на видлив начин.
Успевате ли вие да носите љубов на работното место?