КАФЕ ПАУЗА

Обрнете внимание: 10 нешта кои морате да ги знаете за господин Вистински

Ако сѐ уште не сте го пронашле вашиот совршен партнер, не грижете се! Не морате да бидете најубавата, најслабата или најинтересната дама за да го пронајдете и освоите господинот Вистински. Доволно е само да бидете вистинската и искрена форма од себеси, а тој веднаш ќе го забележи тоа. А кога ќе го забележи, вие веќе треба да ги знаете овие 10 нешта.rnrn0-obrnete-vnimanie-10-nesta-koi-morate-da-gi-znaete-za-gospodinot-vistinski-kafepauza.mkrn

1. Тој постои

rnДали некогаш сте си рекле себеси дека нешто е премногу добро за да биде вистинито? Да, вистинито е, но ако не верувате во тоа ќе ви биде многу потешко да го пронајдете. Сетете се на Ѕвончица од Петар Пан – секој пат кога некој ќе каже „не верувам во самовили“ некоја самовила умира. Во овој случај, иако тоа не е толку екстремно, сепак сигурно од посочениот пример ви е јасно за што зборуваме.rn

2. И тој исто така ве бара

rnИсто како и вие и тој не сака да заглави во лоша врска. Всушност, како што вие трпеливо го чекате и го барате со месеци и години и тој го прави истото. Можеби ќе морате малку да му помогнете, но ве советуваме да не му се нафрлате – тој треба да се почувствува пријатно во вашето друштво. Спонтаноста на прво место!rn

3. Тој бара емотивна зрелост

rnВие не можете да знаете кога е и дали е вистинското време за да се запознаете. За да бидете добар партнер во врската вие мора да достигнете одредено ниво на емотивна зрелост за која ќе ви бидат потребни време и искуство. Не обидувајте се да ја занемарите оваа точка затоа што така непотребно ќе се полудите себеси или него.rn

4. Тој се грижи за малите нешта

rnСето она што го сочинува еден романтичен филм е ништо во споредба со добрата врска која долго трае. Вистинскиот живот трае подолго од 120 минути. Вие мора да мислите на малите нешта што ги сакате, затоа што вообичаено малите нешта се всушност големи во долгите врски. Како се чувствувате кога заедно одите во продавница, или кога се соочувате со заеднички тешкотии или кога ги завршувате домашните активности?rn

5. Тој е среќен

rnАко мислевте дека драмата и темпераментноста се секси – многу се лажете. Тоа е обичен мит. Реалноста е дека јаките и агресивни емоции најчесто стануваат болни искуства во врската. Никој не сака да биде во близина на некој кој менува расположение со брзина на светлината, зар не? Среќата е многу повредна од тоа. Мора да бидете среќни за и личноста со која сте да биде среќна заедно со вас. Толку е едноставно – токму како што звучи.rn

6. Тој е многу повеќе од добар секс

rnДа не се разбереме погрешно – немаме ништо против добриот секс, баш напротив. Меѓутоа, врските во кои добриот секс е доволен за нивно одржување вообичаено се лоша идеја. На секоја личност, па дури и на мажите, им е потребен некој што можат да го сакаат со сите нивни зборови и постапки. Едноставно, сексот е само еден преубав дел од врската кој може да ги зближи партнерите, но не е и доволна причина за таа да опстојува.rn

7. Тој ве цени

rnДа бидете во долга врска или да живеете со партнерот е како да живеете под микроскоп – добивате прилика да ги видите сите негови маани кои со текот на времето ќе испливаат на површината. Секој има некоја маана и нема личност која не прави иритирачки грешки.rnrnНајдобар противотров за потенцијалното иритирање или настанување на караници е да го воведете признавањето и секогаш да разговарате за проблемот. На таков начин меѓусебно ќе се прифатите и ќе бидете спремни да ги видите сите добри карактеристики кои ги поседува вашиот партнер, а кои секогаш треба да ги цените.rn

8. Тој ве засмејува

rnПаровите кои заедно се смеат имаат поголеми шанси за остварување на врска на долги патеки, за разлика од оние кои не воведуваат хумор во својот однос. Колку повеќе се смеете – толку повеќе ќе бидете во состојба да се прифатите еден со друг и полесно ќе ги гледате предизвиците кои можат да се јават во врската. Плус, тоа е одличен начин за остварување на здрав однос.rn

9. Тој не е совршен

rnТој само треба да биде вистинската форма на несовршеност. Ако сте опседнати со уредност, а тој не е, вие веројатно нема совршено да си одговарате, но ако двајцата прифатите дека по некое нешто може повремено да се најде на плочките во бањата, тогаш ќе имате подобри шанси за вклопување. Прифатете некои недостатоци – ни вие не сте совршени!rn

10. Тој е џентлмен

rnАко размислувате за врска на долги патеки, дали сакате покрај себе да имате некој кој е нежен и чувствителен кон вас? Џентлемените се често неправедно потценети, така што ви советуваме да обрнете внимание на нив. Ќе видите како тие можат многу добро да влијаат на вашата емотивна состојба и да ве направат горда и среќна дама. Пробајте!