10 нешта кои госпоѓицата Совршена ги прави за својот господин Совршен со цел да го освои

10 нешта кои госпоѓицата Совршена ги прави за својот господин Совршен со цел да го освои

Сите ние сакаме да ја најдеме онаа личност која го држи клучот до нашето срце. Сите заслужуваат шанса да љубат и да бидат љубени, но не е лесно да се предадете некому. Потребно е многу работа и труд од двете страни со цел врската да успее. Дали некогаш сте се запрашувале како на некои парови им успева? Како таа успеала да го натера тој толку да се заљуби во неа? Не е мистерија, таа сигурно употребила неколку корисни тактики со цел тој да ѝ се предаде. Погледнете ги следниве 10 нешта кои госпоѓицата Совршена ги прави за својот господин Совршен со цел да го освои неговото срце…

10 нешта кои госпоѓицата Совршена ги прави за својот господин Совршен со цел да го освои

1. Таа му верува

Довербата е едноставен збор кој не е лесно да се носи на нашите рамена. Таа е подготвена да ги тргне нејзините двоумења и несигурности на страна и целосно да му се предаде, со цел да може да му верува. Да, таа сè уште не знае со сигурност дека тој е мажот на нејзиниот живот, но сепак е подготвена да му даде шанса.

2. Таа го смее

Тој сигурно ќе сака да ја задржи покрај себе жената која знае како да го насмее. Таа е подготвена да ја покаже секоја нејзина страна без грижата дека ќе биде осудена. Автентичните жени имаат тенденција да бидат забавни, како и способност да се релаксираат преку шега или мал забавен подарок. Сè што таа сака да види е насмевка на неговото лице.

3. Таа комуницира со него

Жената која знае што сака во врската ја знае и важноста на комуникацијата. Таа не задржува нешта само за себе и не очекува нејзиниот партнер да ѝ ги чита мислите. Токму затоа и секогаш му кажува сè што ѝ паѓа напамет, почнувајќи од нејзиното омилено реално шоу, па сè до најдлабоките чувства во неа.

4. Таа е голема поддршка

Таа можеби не ги разбира целосно сите негови чувства, но дефинитивно секогаш е тука да го поддржи во секој чекор. Таа верува дека тој може да постигне многу и токму затоа е неговата најголема поддршка во времињата кога се двоуми во себе.

5. Таа го охрабрува

Лесно е маж да најде жена кога сè останато во неговиот живот му е наредено. Но, жената која ќе остане покрај него дури и во најтешките моменти малку потешко се наоѓа. Таа не само што останува за време на темните денови, туку и му помага да се врати назад кога е изгубен. Заедно, тие полесно излегуваат од кој било проблем кој ќе им наиде на патот.

6. Таа е автентична

Таа не е од оние луѓе кои ги исполнуваат очекувањата и стандардите на општеството. Жената која е подготвена да работи на својата врска секогаш се потпира на себе. Таа е подготвена да му ја покаже на својот партнер и добрата и лошата страна, дури и покрај тоа што разбира дека не секој би го сакал она кое може да го понуди. Но, таа сепак сака тој да ја почитува онаква каква што навистина е.

7. Таа е лојална

Таа можеби постојано налетува на мажи во нејзиниот живот, но сепак одбира да му остане нему верна. Тој можеби не е единствениот маж кој ја посакува, но знае дека е единствениот која таа го посакува. Верноста е основата на секоја здрава љубовна врска, па токму затоа знае како да одржува граници со нејзините машки пријатели како и со останатите мажи кои влегуваат во нејзиниот живот.

8. Таа добро се грижи за него

Таа се грижи физички, но и емоционално за него. Токму затоа и внимава дали тој јадел добро, дали се наспал и секогаш ги следи неговите емоции. Таа знае точно што и кога да каже нешто, бидејќи разбира дека нејзиниот партнер, како и секој друг човек, не сака да биде вознемируван за што било.

9. Таа е трпелива со него

Таа е подготвена да чека со трпение, додека истовремено внимава и тој да се грижи за неа додека се обидува да направи сè што е во нејзина моќ нивната врска да успее. Исто така знае дека доколку е мажот кој таа верува дека е, тој без сомнение ќе остане долго покрај неа.

10. Таа се поврзува со луѓето во неговиот живот

Таа добро комуницира со луѓето кои му значат, бидејќи разбира дека во неговиот живот постојат и други личности за кои тој се грижи покрај неа. Таа се поврзува добро со сите околу него со цел тој да не се грижи дека е запоставена кога е со нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар