КАФЕ ПАУЗА

5 намирници кои ќе ја „убијат“ желбата за слатки

Овие здрави намирници ќе ја задоволат вашата дневна потреба за шеќер, а притоа нема да му наштетат на вашето здравје. Шеќерот во прехранбената храна предизвикува побрз раст, но и брз пад на гликозата во крвта, а тоа создава поголема потреба за слатки и така се запаѓа во магичниот круг. Намалете ја потребата за шеќер така што ќе ги јадете овие намирници.rnrn1-5-namirnici-koi-kje-ja-ubijat-zhelbata-za-slatki-www.kafepauza.mk_rn

1. Јаболко

rnОва можеби е најдоброто овошје за задоволување на желбата за слатки. Нема потреба да го лупите, бидејќи во неговата лушпа се кријат голем број витамини. Дури и киселите јаболка содржат многу здрави јаглехидрати. Ова овошје е богато со прехранбени влакна, кои даваат чувство на ситост и го намалуваат гладот.rnrn2-5-namirnici-koi-kje-ja-ubijat-zhelbata-za-slatki-www.kafepauza.mk_rn

2. Домат

rnДоматот е делотворен против желбата за шеќер, бидејќи содржи големо ниво на триптофан – материја која телото ја претвора во серотонин. Овој плод е богат и со хром, минерал кој ја намалува желбата за храна и го регулира нивото на холестерол и гликоза во крвта.rnrn3-5-namirnici-koi-kje-ja-ubijat-zhelbata-za-slatki-www.kafepauza.mk_rn

3. Пченка

rnПченката е уште една намирница која може да ви помогне во „одвикнувањето од шеќерот“. Посебно добро ја потиснува желбата з слатко кога е зготвена. Богата е со антиоксиданси, витамини, минерали и прехранбени влакна. Освен желбата за шеќер ја намалува и желбата за глад.rnrn4-5-namirnici-koi-kje-ja-ubijat-zhelbata-za-slatki-www.kafepauza.mk_rn

4. Сладок компир

rnУште еден зеленчук кој може да ви помогне е слаткиот компир. Оваа намирница нема само да ја задоволи вашата потреба за слатки, туку и додатно ќе му обезбеди на организмот витамини Ц, Д и Б6. Хранливите материи во слаткиот компир може да ги спречат болестите на срцето, ракот и други дигестивни проблеми.rnrn5-5-namirnici-koi-kje-ja-ubijat-zhelbata-za-slatki-www.kafepauza.mk_rn

5. Цимет

rnЦиметот е фантастичен зачин кој има извонреден мирис и вкус, па може да го додадете во многу јадења. Циметот одлично помага против желбата за слатки. Овој зачин ги спречува ненадејните осцилации во нивото на гликоза кои придонесуваат за желбата за слатки и со тоа ја одложува потребата за внесување нова порција шеќер.rnrn6-5-namirnici-koi-kje-ja-ubijat-zhelbata-za-slatki-www.kafepauza.mk_