Клима уредот е омилена направа во текот на летните горештини. Многу од нас не можат да замислат да работат по осум часа во канцеларија која нема клима уред или пак да спијат во соба која не е климатизирана. Сепак, факт е дека пред неколку години живеевме баш на тој начин, без клима уреди. Поради тоа, но и бидејќи на некои луѓе поради здравствени причини не им одговара, ги споделуваме со вас овие алтернативи за справување со горештините без клима уред.rnrn
rn
1. Разладувајте се со вода
rnОва може да го направите на два начина: пиење на поголема количина вода или пак туширање. Доколку пиете поголема количина вода, нема да бидете само добро хидрирани, туку ќе успеете и да го разладите вашето тело секој пат кога ќе ја консумирате. Со чести туширања ќе ја задржите вашата телесна температура на подносливо ниво во текот на целиот ден.rn
2. Уживајте во затемнета соба
rnСпуштете ги ролетните и навлечете ги завесите или пак покријте ги прозорците со дебела ткаенина. Атмосферата создадена на овој начин нема да биде најсветла, секако, но е многу подобра од потењето или од тоа да не може да се сконцентрирате на ништо друго освен на преголемата топлина.rn
3. Направете промаја
rnВелат дека само Балканските народи го имаат зборот промаја, од која се плашат. Во другите земји се работи само за струење на воздухот, кое е посебно пријатно во преголемите горештини. Поради тоа, отворете ги прозорците на спротивната страна од ѕидовите и уживајте. Другата опција е да вклучите вентилатор.rn
4. Престојувајте на приземјето или во подрумот
rnТоплиот воздух секогаш оди нагоре, па затоа е попријатно во пониските делови на куќата, отколку на поткровјето. Што пониско сте, толку подобро. Доколку имате можност за престој во вашиот подрум, тогаш тој е одличен избор за создавање на канцеларија или пак дневна соба. Доколку во близина имате тоалет и фрижидер, во оваа освежувачка сенка може да уживате цело лето.rnrn
rn
5. Избегнувајте алкохол
rnКригла ладно пиво е изборот на многумина кога е во прашање летното разладување. Сепак, тоа не е најдоброто решение, ако сакате да се справите со горештината. Алкохолот се однесува како диуретик, со што повеќе го дехидрира вашето тело и го отежнува варењето, што додатно ве загрева однатре. Кафето има слични ефекти, па обидете се да се држите подалеку од овие пијалаци. Здравото, разладено смуди од овошје и зеленчук е вистинскиот избор.rn
6. Користете минимални извори на топлина
rnГотвењето во топлите летни денови може да биде вистински кошмар, па пронајдете друг начин на исхрана додека надвор е голема горештина. Светлата, разните други домашни реквизити, компјутерите и телевизорите исто така емитираат голема количина топлина, па затоа користете ги само доколку морате. Најдобар начин за да уживате на големите горештини е читањето книги.rn
7. Хранете се полесно
rnГолемите оброци само ќе направат да ви биде потешко и потопло, бидејќи вашето тело ќе биде преоптоварено со варењето. Затоа, најдобро е во лето да јадете овошје и зеленчук, со оглед на тоа дека тие го одржуваат телото хидрирано. По секоја цена, држете се подалеку од лутата храна, таа ја зголемува телесната температура за само неколку секунди.rn
8. Носете светли бои
rnЛетната гардероба би требало да биде од лесни, природни материјали. Исто така, ви препорачуваме да носите светли бои, како на пример, бела и жолта, кои го одбиваат поголемиот дел од топлината.