Возрасните честопати знаат да кажат дека цртаните филмови се со детски и незрели содржини. Но, понекогаш може пријатно да ве изненадат колку многу мудрости за животот и неговата убавина имаат кажано токму овие цртани јунаци. Погледнете ги овие инспиративни цитати кои ќе ве замислат, расположат и ќе ви дадат нов поглед на животот.rnrn
rn
„За некои луѓе вреди да се стопиш.“ – Олаф, „Замрзнато“
rn
„Нашата надеж живее во нас, треба само да бидете доволно храбри за да ја видите.“ – Мерида, „Храбра“
rn
„Љубовта е отворена врата.“ – Ана, „Замрзнато“
rn
„Вложувајте надвор од вашата удобна зона. Наградата е вредна за тоа.“ – Рапанзел, „Заплеткано“
rn
rn
„Нека вашата совест секогаш биде вашиот водич.“ – Сината вила, „Пинокио“
rn
„Ние имаме многу заеднички работи, иста земја, ист воздух, исто небо… Можеби, ако почнеме да гледаме што имаме заедничко наместо секогаш да бараме што ни е поразлично… па, кој знае?“ – Мјау, „Покемон“
rn
„Колку прекрасни цветови имаме оваа година. Но види, ова задоцнило. Но, се обложувам дека кога ќе расцвета ќе биде најубаво од сите.“ – Фа Зоу, „Мулан“
rn
„Понекогаш треба да навлеземе длабоко во себе за да ги решиме своите проблеми.“ – Патрик, „Сунѓерот Боб“
rn
„Никогаш нема да бидете премногу стари за да сè чувствувате младо.“ Снежана, „Снежана и седумте џуџиња“
rn
rn
„Неуспехот во нешто е првиот чекор за да станете многу добри во некоја работа.“ – Џејк, „Време за авантура“
rn
„Охана значи семејство. Семејство пак, значи никој да не биде оставен или пак заборавен.“ – Стич, „Лило и Стич“
rn
„Не можам да се вратам вчера, бидејќи тогаш бев поинаква личност.“ – Алиса, „Алиса во земјата на чудата“
rn
„Вистинскиот херој не сè мери со големината на неговата сила, туку во силата на неговото срце.“ – Зевс, „Херкулес“
rn
„Само затоа што не можам да го видам, не значи дека не можам да верувам во тоа.“ – Џек Скелингтон, „Кошмарот пред Божиќ“
rn
„Ох да, минатото може да боли. Но, ти може да бегаш од него или пак да научиш од него.“ – Рафики, „Кралот Лав“
rn
„Дури и за чудата е потребно малку време.“ – Добрата вила, „Пепелашка“
rn
rn
„Бајките може да станат реалност. Мора да направите да се случат. Сè зависи од вас.“ – Тијана, „Принцезата и жабата“
rn
„Да се смееш на себе е да се сакаш себе.“ – Мики Маус, „Мики Маус“
rn
„Сè е возможно кога имате внатрешен мир.“ – Мастер Шифу, „Кунг фу Панда“
rn
„Во секоја работа што треба да сè направи има малку забава.“ – Мери Попинс, „Мери Попинс“
