За фантастичните и необични дизајни на чевли на Коби Леви и порано бевме инспирирани да напишеме пост. Израелскиот дизајнер на чевли има уникатен, весел и шеговит пристап во неговата работа, третирајќи ги обувките како скулптури. 
Очигледно резултатот е повеќе хумористичен отколку модерен дизајн, бидејќи Леви црпи инспирација од секојдневието, која ја инкорпорира во креативен пар потпетици. „Поттикот да создадам ново парче произлегува од некоја идеја, концепт или слика која ќе ми падне на ум. Производот е уметност која може да се носи. Чевлите се живи.“


.
rnrn
Повеќето од моите инспирации се добиени надвор од „светот на чевлите“, кои им даваат на овие обувки екстремна трансформација. Резултатот е најчесто хумористичен, кој создава уникатна перспектива за чевлите воопшто.
rn












