Бестрашен мотоциклист со својот мотор сурфа на бранови во Тахити

Бестрашен мотоциклист со својот мотор сурфа на бранови во Тахити  

Мотоциклистот Роби Медисон неодамна имал можност да оживее една од неговите исклучителни визии. Во соработка со „DC Shoes“, Медисон успеал да сурфа со неговиот мотор врз неверојатно сините води во Тахити. И покрај тоа што можеби на прв поглед ова ви делува како невозможен предизвик, тој сепак имал верба во својот сон и успеал целосно да го оствари.

За својот успех тој вели:

„Не станува збор за тоа да се биде прв или да се биде во право, туку да се верува во себе кога знаете дека нешто е возможно!“

На крајот од краиштата, неговото патување прави совршен контраст помеѓу интензивната природа на Мајката природа и моќта на машината изградена од човекот. За да го доживеете неговото искуство во целост пуштете го видеото погоре и погледнете ги следниве неверојатни фотографии…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар