Колкава количина кафе ви е потребна за да се заштитите од почетната фаза на деменција?

Колкава количина кафе ви е потребна за да се заштитите од почетната фаза на деменција?

Според неодамнешна студија, пиењето една до две шолји кафе на ден можат да го заштитат вашиот мозок од почетните фази на деменција. Од друга страна пак, поголемата количина кафе не води кон повисок невролошки заштитнички ефект. Всушност, студијата открила дека оние кои пиеле повеќе од две шолји кафе на ден имаат и до два пати повисок ризик од развивање благо когнитивно нарушување. Оваа состојба понатаму може да води до различни видови деменција, како Алцхајмеровата болест.

kolkava-kolichina-kafe-vi-e-potrebna-za-da-se-zashtitite-od-pochetnata-faza-na-demencija-www.kafepauza.mk

Симптомите на благото когнитивно нарушување вклучуваат мали проблеми со помнењето и забавено размислување и судење. Италијанската студија која испитувала 1.445 луѓе исто така открила и дека оние кои не пијат воопшто кафе се изложени на повисок ризик од оние кои пијат умерено. Авторите на студијата велат:

„Овие откритија ни сугерираат дека постарите индивидуи со нормално когнитивно функционирање кои никогаш или ретко консумираат кафе и оние кои пијат повеќе од 2 кафиња на ден се изложени на повисок ризик од развивање благо когнитивно нарушување. Од друга страна пак, умереното и редовно консумирање кафе може да води кон невролошки заштитнички ефекти против оваа состојба, потврдувајќи голем број постари студии кои укажуваат на позитивните ефекти од кафето и чајот против когнитивните нарушувања и деменцијата.“

Сите учесници во оваа студија биле на возраст од 65 до 84 години.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар