Научниците откриваат: Која е идеалната возраст за прва бременост?

Научниците откриваат: Која е идеалната возраст за прва бременост?

Некои жени го планираат мајчинството, додека други чекаат да се случи кога ќе дојде време за тоа, но стручњаците истакнуваат дека жените кои сакаат две или три деца треба да планираат кога ќе го родат првото. Британските научници од Шефилд ги анализирале сите податоци за плодност на 58.000 жени, а еве до какви заклучоци дошле.

„Жените кои сакаат три деца би требало да започнат со основање на семејството на 23, оние кои сакаат две на 27, а за едно дете не би требало да чекаат подоцна од 32-иот роденден.“

0-nauchnicite-otkrivaat-koja-e-idealnata-vozrast-za-prva-bremenost-kafepauza.mk

Ако првото дете се зачне на 23 години, жената ќе има 90% поголеми шанси да роди три деца, ако толку сака да има. Ако чека до 31 година, шансите да биде мајка на 3 деца се намалува на 75%, а ако чека до 35 години постои 50% шанса за три деца.

Жената која сака да има две деца би требало да започне да работи на мајчинството на 27 години, а жените кои сакаат едно дете за да станат мајки не би смееле да чекаат повеќе од 32-иот роденден.

Истражувањето исто така покажало дека ин витро оплодувањето – медицински потмогнато оплодување – не е гаранција за жените кои го одложуваат мајчинството т.е. ја оваа метода ја продложува можноста за бременост за една или две години.

Експертите истакнуваат дека овие податоци не важат конкретно за секоја жена, но можат да им помогнат на жените кои планираат семејство и сакаат да си го остварат сонот за голема фамилија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

  1. Anita Reply

    Abe site znajte da zborate jas da mozev ke ostanev uste na 28 ama ete 4 godini se macime i nisto…Ne ni stvarajte kompleksi

    • Кафе пауза Reply

      Текстот е наменет за да информира и со цел паровите да можат да планираат согласно шансите за забременување. Апсолутно не ги обесхрабруваме оние кои не се наоѓаат во најоптималната возрасна категорија.

Остави коментар