Ким во последните неколку години се обидуваше да создаде стил по кој ќе биде препознатлива. Со сигурност можеме да кажеме дека таа е позната по својот секси изглед, но ние овој пат се одлучивме да го тргнеме тоа настрана и откривме супер практични модни совети за секојдневниот живот. Не мора да бидете љубител на фустаните од латекс за да го следите нејзиниот стил. Постојат многу корисни лекции кои можеме да ги научиме од Ким и нејзините елегантни изданија.rnrn
rn
1. Кожната јакна е секогаш супер идеја
rnКожната јакна може да ја ставите на рамената, исто како Ким Кардашијан, и на тој начин да го заокружите вашиот стил. Црната боја во слоеви создава одличен микс на софистицираност и удобност.rnrn
rn
2. Високи потпетици со наједноставни комбинации
rnПретворете ја најобичната комбинација – фармерки и бела блуза – во нешто предобро, со подигање на пар високи потпетици. Со ова ќе постигнете поатрактивен изглед.rnrn
rn
3. Не плашете се од кроп-топот
rnИако нема димензии на модел, Ким не се плаши да носи кроп-топ, a може да видиме и зошто. Суптилното откривање на стомакот дава доволна количина секси изглед кога е комбинирано со секојдневно праче со висок струк.rnrn
rn
4. Одело кое предизвикува повеќе од фустан
rnНе двоумете се да ги следите машките трендови. Елегантно, струкирано одело е одличен избор за свечени прилики.rnrn
rn
5. Патиките со хеланки се потполно прифатлива комбинација
rnСпортската облека не мора да служи само за на тренинг. Кул аксесоарите, како што се очилата за сонце и мини чантата, може спортскиот изглед да го претворат во опуштена варијанта за секојдневни прилики.rnrn
rn
6. Додајте накит
rnСекоја добра комбинација има помош од накитот и аксесоарите. Не потценувајте ја моќта на ѓерданите и алките, кои ќе ја надополнат секоја секојдневна комбинација.rnrn
rn
7. Комбинирајте различни принтови
rnПознато е дека мешањето на принтовите може да изгледа застрашувачки, но во вистинската мерка, тоа е одличен начин за промовирање на сопствениот стил. Играњето со бои и различни дезени може да го комплетира изгледот.rnrn
rn
8. Неутралното не значи дека е досадно
rnОвој антилопски фустан можеби не „боде“ директно во очи, но богатата текстура и романтичниот изглед кај градите ќе направи да биде вреден за паметење. Истакнете ги вашиот тен и косата, во нежни неутрални бои, исто како Ким.rnrn
rn
9. Освежете го фустанот
rnИмате омилен фустан, но толку многу често го носевте, што ви стана досаден? Не грижете се и послушајте го советот на Ким. Додајте впечатлив каиш или елек, и веќе го освеживте фустанот и направивте нов.rnrn
rn
10. Секси и софистицирана во исто време
rnСекси фустаните и здолништата залепени за телото, истовремено може да изгледаат многу елегантно и суфистицирано, со додавање на едно секојдневно парче врз нив. Долг елек, капут или мантил – ова се парчињата кои имаат одлична улога во овие комбинации.rnrn