Јапонско суфле за кое ви се потребни само 3 состојки
Изненадете ги најблиските со едноставен и брз десерт
Потребни состојки:
- 3 јајца
- 120 грама бело чоколадо
- 120 грама крем сирење
Начин на подготовка:
Вклучете ја рерната на 170 степени Целзиусови. Одвојте ги жолчките од белките, така што белките ќе ги ставите во поголем сад и ќе ги оставите во фрижидер додека не ви притребаат. Искршете го чоколадото на мали парчиња и стопете го над жешка вода. Во меѓувреме матете ги белките сè додека не добиете погуста смеса. Доколку е доволно густа, вие без проблем ќе можете да го свртите садот наопаку без притоа таа да испадне. Откако чоколадото ќе се стопи, мешајте сè додека не стане мазно, а потоа додадете го и крем сирењето. Добро измешајте ги и потоа додадете ги и 3-те жолчки и повторно мешајте.
На смесата со жолчките додадете 1/3 од смесата со белките и добро измешајте. Повторете уште 2 пати. На хартија за печење поставете малку масло, со цел да спречите тортата да испука, а потоа поставете ja во сад за печење и сипете ја смесата во неa. Нежно удрете до садот од долу со цел да излезе сиот воздух од смесата и поставете го врз тава за печење. Сипете малку топла вода во тавата и поставете ја во рерната. Печете 15 минути на 170 степени, па намалете на 160 за наредните 15 минути и потоа исклучете ја рерната, но оставете го суфлето внатре уште 15 минути. Откако ќе поминат овие 45 минути, извадете го надвор и оставете го да се олади. Декорирајте со шеќер во прав доколку сакате.
За подетални инструкции погледнете го следново видео: