КАФЕ ПАУЗА

Астрологијата ви открива: Зошто треба да бидете во друштво на Лав?

Иако Лавовите се кралици на драмата, доминантни личности и по малку зависници од контрола, сепак постојат навистина добри причини зошто треба да бидете во нивно друштво. Еве кои се тие.rnrn0-astrologijata-vi-otkriva-zoshto-treba-da-bidete-vo-drushtvo-na-lav-kafepauza.mkrn

1. Верни

rnЛавовите се најверните луѓе во целиот хороскоп. Тие никогаш нема да започнат пријателство размислувајќи „Нема врска ако еден ден едноставно престанеме да се дружиме.“ Тие сакаат долги и квалитетни пријателства. Веруваат дека пријателството е една од клучните компоненти во животот и се трудат што е можно подобро да ги негуваат. Никогаш нема да дозволат некој да зборува лошо за нивен пријател во нивно присуство. Понекогаш изгледа како да ги малтретираат своите сакани, но тоа е нивниот начин на искажување љубов и наклонетост кон таа личност.rn

2. Амбициозни

rnВеличествените припадници на овој знак имаат големи амбиции да станат нешто подобро од она што моментално се. Со сите средства кои ги имаат тие се борат да го добијат тоа што го сакаат, но ќе им помогнат и на блиските да стигнат до целта. Не се плашат од ризик и затоа се едни од ретките кои успеваат да реализираат сѐ што ќе замислат. Меѓутоа, кога Лавовите имаат лош ден, самите на себе си се неподносливи. Никогаш никого не обвинуваат за нивниот неуспех, освен себеси и секако, нивната неспособност. Доколку му помогнете на Лав во неволја тој никогаш тоа нема да го заборави тоа и долго време ќе ви се оддолжува за укажаната помош.rn

3. Пружаат голема поддршка

rnЛавовите својата храброст и ведрина не ја чуваат само за себе. Тие сакаат да ги охрабрат и поддржат своите најблиски за и тие да стигнат до својата цел. Се водат од реченицата „Ако никогаш не пробаш – никогаш нема да знаеш.“ Токму со неа најчесто ги бодрат своите пријатели. За нив зборот „невозможно“ не постои.rn

4. Забавни

rnЕдна од главните карактеристики на Лавовите е нивната потреба за внимание. Секогаш кога ќе влезат некаде сакаат сите погледи да бидат насочени кон нив. Кога зборуваат сакаат луѓето околу нив да внимаваат на секој збор кој ќе го кажат и да им се восхитуваат. Понекогаш знаат да преувеличуваат само за да измамат насмевки на лицата на нивните пријатели.rn

5. Полни со живот

rnЛавовите имаат огромна желба за живот и во сѐ гледаат можност за уживање и искуство. Тие се авантуристи по природа и уживаат во патувања. Сакаат да се качуваат на планини, да го пијат најскапото виски, да пловат по море и да пробуваат екстремни спортови. Признајте, кој не би сакал ваков пријател покрај себе? Доколку сакате некој кој го живее животот со полни гради, некој кој постојано ќе ве поддржува, засмејува и ќе шири љубов секаде околу вас, тогаш најдобро ви е да се запознаете со некој припадник на знакот Лав.