55 животни и љубовни совети кои само младите и модерни мајки можат да им ги дадат на своите ќерки
Животот сè повеќе се менува, а со тоа и младите сè почесто пловат по неистражени води. Наместо да им се јавиме на нашите пријатели, ние им испраќаме фотографии. Наместо да сме во врска со момците за кои имаме чувства, ние само се гледаме со нив и правиме сè што е во наша моќ за да не ни се зголемат емоциите. Наместо да гледаме во вистински фотографии од вистински луѓе, ние ги идеализираме оние кои се целосно дигитализирани. Живееме во свет каде што правилата не е јасни, а перцепциите се целосно изобличени, па токму затоа и ни се потребни нов сет мудри зборови кои понатаму ќе им ги пренесеме на нашите ќерки…
1. Оние девојки не изгледаат во реалноста онака како што изгледаат на ТВ и во списанијата.
2. Ако сакаш да му пишеш прва, направи го тоа.
3. Најдобро е доколку разговарате лице в лице.
4. Не го мешај твојот профил на Фејсбук со вистинската ти.
5. Престани да бидеш „опуштената“ девојка.
6. Остави го мобилниот настрана кога имаш разговор во реалноста.
7. Уживај во твојот сингл живот.
8. Престани да им дозволуваш на пријателките да ги пишуваат твоите пораки.
9. Не дозволувај лајковите на социјалните мрежи да ти бидат извор за валидација.
10. Никогаш не се прави мала и незначајна.
11. Престани да трошиш премногу пари за џус од кој наводно треба да ослабиш.
12. Во ред е да имаш онлајн состаноци, но секогаш запознавај ги овие момци на јавни места.
13. Не дозволувај да те измамат луѓе со лажни профили на социјалните мрежи.
14. Ако си сексуално моќна не значи и дека треба да им дозволуваш на другите да те искористат.
15. Продолжи да се бориш за различни стандарди на убавина.
16. Животот е подобар без филтер.
17. Имај секс за себе.
18. Не го демни на социјалните мрежи.
19. Не објавувај на социјалните мрежи ништо со цел да направиш некого љубоморен.
20. Начинот на облекување или однесување не те прави лесна девојка.
21. Никогаш не ја потценувај моќта на твоите зборови, особено оние кои ги објавуваш онлајн.
22. Во ред е да мастурбираш. Всушност, те охрабрувам да го правиш тоа.
23. Додека вие двајца не разговарате за тоа, тој не е твое момче.
24. Не мора да го живееш животот онака како што јас го живеев мојот.
25. Не се венчај пред 30-тата година.
26. Биди внимателна кому му веруваш со твоите голи фотографии.
27. Дај му на момчето фер шанса пред да продолжиш понатаму.
28. Престани да твиташ за твојот љубовен живот.
29. Биди внимателна за пијаното однесување на Снепчет, бидејќи големи се шансите дека тоа ќе ти се врати со лошо.
30. Не постои еден вистински и правилен начин да се биде жена.
31. Тестирај се по секој партнер.
32. Не се плаши од бројот на рибите во океанот.
33. Во ред е да го промениш мислењето.
34. Никогаш не вели „извини“ доколку не го мислиш тоа.
35. Фокусирај се на твоите вистински пријатели, не на следачите.
36. Престани да користиш илјадници филтри за твоите фотографии, ти изгледаш прекрасно онаква каква што си.
37. Замени ги сериите пред спиење со добра книга.
38. Тргни ги слушалките од ушите и направи вистински разговор со некого.
39. Не биди објект, биди субјект.
40. Сексот е за твое задоволство исто колку што е и за негово.
41. Можеш да бидеш среќна дури и кога си сама.
42. Училиштето не е индикатор за успешност во животот.
43. Твојата вредност никогаш не е во твојата убавина.
44. Светот истовремено е и огромен, но и малечок. Истражувај го.
45. Научи како да се грижиш за себе пред да најдеш маж кој ќе може да се грижи за тебе.
46. Никогаш нема да ја знаеш вистинската приказна зошто тој не ти вратил на пораката.
47. По секоја цена воздржи се од праќање пораки кога си пијана.
48. Не паничи доколку сè уште не си го нашла „вистинскиот“.
49. Не се криј зад твојот екран.
50. Постои одредено ниво на почит кое го заслужуваш, дури и во денешно време.
51. Одржувај го твојот приватен живот приватен.
52. Престани претерано да ги анализираш пораките и не се плаши од повиците.
53. Добрата хемија во пораките не секогаш значи и добра хемија во реалноста.
54. Никој не се забавува онака како што изгледа на Инстаграм.
55. Заборави на стравот дека нешто пропушташ и научи да живееш во моментот!