7 детски карактеристики кои можат да го направат вашиот живот многу посреќен
Кога бевме деца, сонувавме да станеме возрасни. Но, кога конечно пораснавме, стресот во животот постојано нè тера да посакуваме да бидеме повторно деца. И покрај тоа што детството е нешто што никогаш нема да можете да го вратите, сепак доколку допрете длабоко во себе, ќе можете да најдете одредени детски карактеристики кои со текот на годините сте успеале да ги заборавите. Овие карактеристики не само што ќе ве направат поуспешни на сите полиња од вашиот живот, туку и ќе ви помогнат да бидете многу посреќни и поисполнети од кога било претходно.
1. Љубопитност
Децата се неверојатно љубопитни. Тие можат да постават 1.000 прашања и откако ќе чујат 1.000 одговори, ќе постават уште 1.000 нови прашања. Љубопитноста е карактеристика која недостасува кај голем број возрасни, па токму затоа и често се случува тие да „тапкаат“ во место во својот живот. Љубопитноста отвора многу врати, создава креативност и ја поттикнува фантазијата. Доколку ја вратите оваа карактеристика во себе, вие ќе почнете да го гледате светот од сосема нова перспектива.
2. Возбуда
Децата се возбудуваат за сè! Секоја активност е нова авантура, нова можност да истражуваат, нов забавен и интересен предизвик. Замислете како би било доколку секоја возрасна индивидуа ја доведе оваа детска енергија во својата работа, или пак, во потрагата по личните цели. Ние дефинитивно би сведочеле на голем скок во продуктивноста и иновацијата. Многумина од возрасните ја изгубиле возбудата за животот и тие едноставно само ги оставаат деновите да ги одминуваат. Тоа не е начин на кој треба да го живеете вашиот живот. Користете ја перспективата на децата со цел да ја разгорите онаа страст за животот која некогаш сте ја поседувале во себе.
3. Верба
Доколку прашате некое дете што тоа сака да биде кога ќе порасне, не само што ќе добиете детален одговор, туку тоа дете ќе ги каже своите цели со висока самодоверба, како да знае дека навистина ќе ги оствари. Родителите постојано им кажуваат на своите деца дека можат да постигнат сè што ќе намислат, но изгледа тие го игнорираат овој совет кога станува збор за нив. Некако по патот на растењето, оваа самодоверба исчезнала и на нејзиното место настанала сомнеж. Вратете ја вербата во себе и употребете ја како прв чекор при остварувањето на вашите соништа.
4. Доверба
Децата им веруваат целосно на своите родители. Тие го прават тоа бидејќи не постојат други луѓе на кои би можеле да се потпрат за својата добросостојба. Како што растете, така оваа доверба во луѓето се заменува со циничност и параноја. Ние не велиме да им верувате на сите личности кои ќе ги сретнете во вашиот живот, туку едноставно да го отворите срцето кон оние кои ви мислат само добро. Како човечки суштества, ние имаме потреба од другите со цел нашите животи да бидат исполнети, па токму затоа можеби е време да го спуштите малку вашиот штит.
5. Вчудовиденост
Децата се вчудовидени од нешто на секои 5 минути. Без разлика каде се или што прават, тие можат да бидат воодушевени дури и од наједноставните објекти и околини. Како возрасни, ние го губиме погледот кон неверојатните нешта кои постојат на оваа планета бидејќи едноставно сме навикнале на нивното присуство. Секојдневните монотони рутини нè одвлекуваат од фактот дека живееме на планета која е само една минијатурна точка во галаксијата, која пак е дел од илјадниците милијарди галаксии во универзумот. Подигнете го малку вашиот поглед од смартфонот и одвојте време да се воодушевувате на природната убавина околу вас.
6. Краткотрајна меморија
Децата можат да се трансформираат од лице прелиено со солзи до насмевка од уво до уво за само неколку секунди. Тие не ги анализираат минатите искуства во детали, па токму затоа и секојдневните проблеми не ги држат будни до ниедно време. Тие едноставно легнуваат да спијат и следното утро го почнуваат денот одново, како да им е првиот ден на оваа планета. Животот е премногу краток за да трпите болка, предавство и разочарувања на дневна база!
7. Упорност
Децата не се откажуваат лесно. Доколку добијат „не“ за одговор, големи се шансите дека ќе ви се качат на глава сè додека не им го дадете она кое го побарале од вас. Тие едноставно имаат природна дарба за справување со одбивањето и не прифаќаат ништо помалку од она кое сметаат дека го заслужиле. Вратете ја вашата детска упорност и амбиција и не откажувајте се од оние нешта кои ги сакате.
Од сите овие 7 карактеристики кои можат да го направат нашиот живот многу посрекјен јас го имам затоа што сега јас го диживувам моето детствоооооо и сркејна сум за тоааа……..