5 факти за гавраните кои ќе ви покажат дека тие имаат големи сличности со луѓето

5 факти за гавраните кои ќе ви покажат дека тие имаат големи сличности со луѓето

Обичниот гавран (лат. Corvus corax) е најголемиот вид од фамилијата врани. Поради неговата должина на телото (повеќе од 60 см), тој е и најголемиот вид во подвидот птици-песнопејки во светот. Иако низ историјата премногу често ги бие лош глас, тие се фасцинантни и весели птици, па дури и високо интелигентни. Имаат способност да изразуваат емоции како луѓето, дури и да го емитираат човечкиот говор. Ова се само неколку од интересните факти кои сигурно не сте ги знаеле за гавраните.

0-5-fakti-za-gavranite-koi-kje-vi-pokazhat-deka-tie-imaat-golemi-slichnosti-so-lugjeto-kafepauza.mk

1. Тие можат да го емитираат човечкиот говор

Ако е во заробеништво, гавранот може да зборува многу подобро дури и од папагалот. Исто така, тие можат да емитираат и други звуци како моторот од автомобил или огласувањето на други животни (особено птици). Во природата се забележани голем број случаи на гаврани кои имитираат волци и лисици за тие да дојдат и да им помогнат во растргнување на лешот бидејќи не можат сами. Гавранот трпеливо ќе ги почека да завршат со нивната гозба, а потоа тој ќе им навали на остатоците.

Според истражувањата, гавраните исто така користат многу софистицирани сигнали. Со други зборови, како што ние покажуваме со прст кон некој објект, така гавранот со клунот му покажува нешто на друг гавран.

2. Гавраните се интелигентни суштества

Кога станува збор за интелигенцијата, овие птици се рамо до рамо со шимпанзата и делфините, иако во многу тестови се покажале како поинтелигентни од шимпанзата. Многу експерименти покажале дека гавраните одлично решаваат логички тестови во повеќе чекори со употреба на алатки. Нешто што друга птица никогаш не би можела да го реши, гавранот ќе успее уште првиот пат кога ќе се обиде. Некои гаврани дури научиле да бројат.

Во природата, гавраните ги гаѓаат луѓето со камења за да ги спречат да се искачат до нивното гнездо, крадат риби од рибарите, по потреба глумат мртви, користат разни алатки и други животни за да стигнат до храна.

3. Тие многу сакаат да си играат

Гавраните обожуваат да си играат. Во близина на човечките живеалишта честопати се видени како снежните кровови ги користат како тобоган, а понекогаш сакаат и да се тркалаат во снегот. Во природата најмногу си играат со волците така што ги предизвикуваат сѐ додека волкот не почне да ги гони. Уште еден знак на нивната интелигенција и разиграност е тоа што гавранот сака да си игра со играчки – стапови, камчиња, шишарки, па дури и голф топчиња.

1-5-fakti-za-gavranite-koi-kje-vi-pokazhat-deka-tie-imaat-golemi-slichnosti-so-lugjeto-kafepauza.mk

4. Гавраните имаат свои тинејџерски банди

Гавраните се моногамни птици – што значи дека остануваат со својот партнер во текот на целиот живот. Кога ќе дојде време нивните млади да го напуштат домот, тие се приклучуваат кон т.н. банди – јато млади птици кои живеат заедно сѐ додека не го најдат својот партнер. Интересно, но ваквиот начин на живот е стресен за гавраните. Научниците откриле поголеми нивоа на стрес во тинејџерскиот измет на гавранот, отколку во оној од возрасните единки.

5. Тие покажуваат емоции и емпатија

Наспроти својата палава природа, гавраните покажуваат чувства и емпатија. Кога гавран ќе изгуби борба, неговите пријатели ќе направат сѐ за да го утешат. Исто така, ќе ја запаметат птицата која им пришла на пријателски начин, но ќе ги запомнат и оние непријателски настроените. При проучувањето на гавраните, научниците откриле дека гавранот е способен да изрази нежност, среќа, изненаденост или бес.

Гавраните низ митовите и легендите

За жал, овие елегантни интелигентни и разиграни птици биле демонизирани низ многу митови, легенди и бајки од страна на многу култури. Во Франција луѓето верувале дека гавраните се всушност душите на злобните свештеници. Во Германија сметале дека во гавраните се всушност отелотворени глупавите луѓе, а понекогаш и самиот ѓавол. Во Шведска огласувањето на гавранот се сметало за огласување на душите кои не биле крстени, а во Данска дури се плашеле од погледот на гавранот затоа што сметале дека на тој начин тие ќе се претворат во гаврани.

Тибетските и грчките култури гавраните ги доживувале како гласници на боговите. Келтските божици на војната често го попримале ликот на гавранот за време на битката, а самиот Один имал два гаврани: Хугин (мисла) и Мунин (памтење) кои летале низ светот и секоја ноќ се враќале и го известувале Один за она што го виделе. Кинезите верувале дека гавраните предизвикуваат невреме, додека некои индијански племиња ги сметале за божества. Во нивните верувања, гавранот е опишан како лукав измамник кој учествувал во создавањето на светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар