КАФЕ ПАУЗА

Спасете се од преголемата жештина! Овие материјали ќе ви го овозможат тоа

На сите ви е добро познато дека полиестерот е материјал кој треба да го избегнувате во лето, бидејќи тој не ѝ овозможува на кожата да дише, а исто така ја задржува топлината. Но, дали знаете кои материјали се најудобни и најпријатни за во лето? Сега ќе ви откриеме и потрудете се тие да станат ваши најдобри пријатели за во лето.rnrn1-spasete-se-od-pregolemata-zheshtina-ovie-materijali-kje-vi-go-ovozmozhat-toa-www.kafepauza.mk_rn

1. Лен

rnМногу пријатен материјал кој слободно може да го наречете „вентилаторот“ помеѓу материјалите. Му овозможува на вашето тело да дише и го спречува потењето. Има само еден недостаток – лесно и брзо се гужва, но тоа и не е толку многу важно во горештините.rn

2. Памук

rnОдличен избор на материјал за летните месеци. Еден од најпрозрачните материјали што постојат, не ја задржува топлината, т.е. ја впива влажноста од телото и го активира нејзиното испарување.rn

3. Кепер

rnНајчесто се произведува од памук или од неговите смеси и се смета за одлична замена за тексасот во лето. Ако и во летниот период не сакате да се откажете од носењето долги панталони, слободно изберете некој модел кој е направен од кепер бидејќи во него ќе се чувствувате многу поудобно.rnrn2-spasete-se-od-pregolemata-zheshtina-ovie-materijali-kje-vi-go-ovozmozhat-toa-www.kafepauza.mk_rn

4. Вискоза

rnЕдно од најпознатите синтетички влакна кое настанува од остатокот на целулозните влакна и по својот хемиски состав е слично како памукот. Токму поради тоа вискозата е удобна за носење и го „лади“ телото.rn

5. Свила

rnПриродната ткаенина која дише и е позната по тоа што се прилагодува на температурите, односно во зима, таа ве топли а во лето ве лади. Иако не предизвикува потење, бидејќи е тенка и мека лесно се лепи на испотена кожа.rn

6. Шифон

rnСе изработува од различни смеси, а кога е направен од памук и свила претставува идеална ткаенина за изработка на облека за во лето. Најчесто се користи за изработка на фустани и блузи, бидејќи е многу растресен.